МАКРОН КОНТРА МЕРКЕЛ: Макрон не го сака претседателот на ЕПП, Манферд Вебер за шеф на Еврпоската комисија

  • May 29, 2019

Првите разговори меѓу лидерите на ЕУ за тоа кој ќе биде шеф на идниот состав на Европската комисија синоќа во Брисел завршија без договор, но и со веста дека има големи разлики меѓу Франција и Германија.

Главната вест е дека францускиот претседател Емануел Макрон практично ја откачил германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот фаворит за претседател на ЕК – Манфред Вебер, кој доаѓа од редовите на баварската ЦСУ, сестринска партија на ЦДУ.

Што сега – е прашањето, ако се знае дека Макрон и воопшто не е среќен со изборот на шеф на ЕУ по принцпот – шпиц кандидат (spitzenkandidat), односно  кандидат кој преку партиски конвенции а потоа и со консензус во Советот. Овој пат Вебер не е прифатлив за шпиц канидат, а во игра се уште две силни имиња – Холанѓанецот Франс Тимерманс (социјалдеморкат)

и новата европска политичка ѕвезда, либералката од Данска, Маргрет Вестагер.

Претходно «
Следно »