Макрон: НАТО треба да знае кои му се нeпријaтелите

Поврзано

- Advertisement -

Францускиот претседател Емануел Макрон во четвртокот рече дека НАТО треба да ги разјасни своите стратешки приоритети, скоро една година откако рече дека транс-атлантскиот во коматозна состојба

„Треба да знаеме кои се нашите непријатели и каде“, рече Макрон на прес-конференција. НАТО треба да изработи стратегија во однос на Русија, додека Кина не треба да биде приоритет на алијансата, додаде тој.

На НАТО му е потребна стратегија за Русија која ќе биде сеопфатна, комплексна дури и кога Русија започнува со упади, сајбер напади или заплашувања, стратегија која ќе ја земе предвид Европа од географски, односно од аспект на дејствување, рече Макрон.

Сојузниците на НАТО ќе се состанат на самитот во Брисел следната недела.

Ројтерс откри на крајот на мај дека планот НАТО да добие дополнителни 20 милијарди американски долари за поголема флексибилност во соочувањето со предизвиците како што се подемот на Кина и климатските промени наиде на силен отпор на Франција, која изрази загриженост декка ваквиот пплан може да ги загрози оббрамбените приоритети на земјата.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во февруари предложи сојузниците да вложат повеќе пари во постојните, иако мали заеднички буџети – одговор на долгогодишните тензии со Соединетите држави, според кои европските сојузници не придонесуваат доволно за нивна сопствена одбрана.

Latest News

Aнaлизa нa Би-Би-Си: Kaкo УЕФА гo нaлyти Шмајхел, a Македонецот Пандев влeзe вo иcтopиjaтa

Додека Данецот Кристијан Ериксен полека се опоравува откако колабираше на мечот со Финска, се повеќе поранешни фудбалери ја критикуваат...

More Articles Like This