October 20, 2021, 9:13 pm

Задолжителна вакцинација во Франција: Макрон најави задолжителна вакцинација за неколку категории на граѓани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Францускиот претседател Емануел Макрон, во радио-телевизиско обраќање до нацијата, соопшти дека вакцинацијата за негувателите и медицинскиот персонал ќе биде задолжителна, а најави и воведување други мерки за борба против епидемијата.

Вакцинацијата ќе биде задолжителна за сите оние кои ќе бидат во контакт со кревки луѓе. Од 15 септември ќе се вршат контроли и ќе се преземаат санкции – најави Макрон.

Тој изјави дека земјата се соочува со „силно обновување на епидемијата што ги зафаќа сите територии“, објаснувајќи дека „појавата на варијантата Делта резултира со зголемување на контаминациите во светот“.

Ако не реагираме веднаш, бројот на случаи ќе продолжи да се зголемува и хоспитализациите ќе растат од август. Имаме главно средство: вакцината. Тие нè штитат солидно од Делта варијантата и спречуваат 95 отсто од тешките форми. И да резимираме: Колку повеќе вакцинираме, толку помалку простор ќе оставиме за ширење на вирусот, толку повеќе ќе избегнеме хоспитализации – истакна Макрон.

Тој смета дека треба да се постави прашањето за задолжителна вакцинација за целото население и ги повикува сите Французи да се вакцинираат што е можно поскоро.

Ве чекаат девет милиони дози. Вакцинирајте се, тоа е единствениот начин да се заштитите себе и да ги заштитите другите – изјави Макрон.

Тој најави дека од почетокот на септември ќе почне кампањата за трета доза за вакцинираните во јануари и февруари. Исто така, на почетокот на учебната година кампањи за вакцинација ќе има и за учениците од основно и средно образование.

И покрај вакцината, ве замолувам сите да продолжите да бидете внимателни и да продолжите да ги почитувате мерките за спречување на вирусот – истакна Макрон.

Францускиот претседател најави дека од почетокот на август, здравствениот пасош ќе важи за кафулињата, рестораните, трговските центри, болниците, домовите за пензионери, но и во авионите, возовите и автобусите за долги патувања.

Макрон појасни дека тоа значи оти само вакцинираните и тестираните кои се негативни ќе можат да пристапат до овие места без оглед дали се клиенти, корисници или вработени.

Како новина од оваа есен, Макрон најави дека ПЦР тестовите ќе се плаќаат освен ако не ги препише лекар.

Емануел Макрон го почна својот говор пред Ајфеловата кула, осврнувајќи се на целиот тек на пандемијата во Франција.

Како од почетокот на пандемијата, сакам да зборувам директно со вас. Каде сме ние во нашата борба? Благодарение на исклучителната посветеност на негувателите и медицинските работници, успеавме да ја контролираме епидемијата и повторно да .живееме. Успеавме во текот на изминатите две недели да одиме под 2.000 контаминации на ден. Хоспитализациите и смртните случаи се на најниско ниво. Животот можеше да продолжи затоа што се организиравме – нагласи Макрон.

Во однос на економијата, Макрон рече дека се заштитени бизнисите, работните места, се отвориле 187.000 нови работни места од почетокот на годината, а е зачувана и куповната моќ на Французите. За 2021 година, тој предвидува раст од шест отсто.

FacebookTwitterCopy Link

Latest News

Чеда Јовановиќ е дојден во Македонија да му помогне на СДСМ за втор круг

Александар Митовски од Инфомакс во вечерашното гостување во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце, зборувајќи за изборите, истакна дека...

More Articles Like This