Макрон со поддршка за Косово, повика да се изнајде рeшение меѓу Белград и Приштина

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва во Париз изјави дека неговата земја ќе продолжи да го поддржува Косово, а истовремено ги повика Косово и Србија да најдат решение и да постигнат договор.

Според приштинските медиуми, Макрон пред новинарите заедно со премиерот на Косово, Албин Курти, пред почетокот на разговорите, изјавил дека народот и раководството на Косово, како и на сите земји од Западен Балкан, се заинтересирани за Европската унија.

„Ги повикувам Косово и Србија, како Европејци, да се вклучат во постигнување договор и изнаоѓање компромис“, рече францускиот претседател.

Курти го покани Макрон да го посети Косово.

Премиерот на Косово оцени дека доаѓањето на претседателот Џозеф Бајден на чело на Соединетите држави создава нова политика со балансирано учество и поголема доверба од страна на Косово.

Откако им се обрати на медиумите, започна средбата Макрон-Курти.