January 17, 2021, 11:26 am

Макрон ја oбвини Русија за aнтифpaнцуското расположение во Африка

Поврзано

Останува на сила целосниот кapaнтин во Австрија

Австриската влада доцна синоќа донесе одлука за продолжување на целосниот карантин до 7 февруари, како дел од мерките против...

СЗО бара поocтри мерки во европските мерки

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика европските земји да сторат повеќе во спречување на ширењето на новиот сој на...

Германците го избpaa нacлeдникoт: Еве кoj ќe ja зaмeни Меркел нa чeлo нa ЦДУ

Германските демохристијани го избраа наследникот на германската канцеларка Ангела Меркел. Армин Лашет беше избран за нов претседател на Христијанско-демократската унија...
- Advertisement -

Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека зголемувањето на анти-француското расположение во Африка е наводно поврзано со стратегијата на Русија и Турција.

„Постои стратегија што понекогаш ја користат африканските лидери, особено странските земји како Русија и Турција, кои играат на картата на постколонијалните чувства на Африканците. Не треба да се биде наивен по ова прашање – многу од оние кои даваат такви изјави, кои прават снимки, кои се присутни во медиумите кои известуваат на француски јазик, биле поткупени од Русија или Турција“, рече францускиот лидер во интервју за францускиот неделник „Џон Африка“, одговарајќи на прашањето како го објаснува растот на анти-француското расположение во Африка.

Макрон ги повика Африканците да не бидат затвореници од минатото, нагласувајќи дека тоа ќе има страшни последици врз односите меѓу Франција и Африка. 

Тој додаде дека не ги побива настаните од минатото, но посочи дека до денес, судбините на Франција и африканските земји се тесно испреплетени и дека овој факт не може да се игнорира.  

Русија во повеќе наврати ги негираше обвинувањата на Западот за вклучување во демократски процеси и внатрешни работи на други земји.

До средината на 20 век, Франција контролираше значителен дел од Западна и екваторијална Африка, а по падот на колонијалната империја, Париз го задржа своето влијание врз многу поранешни колонии.

Latest News

Над 300 лица kaзнети за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (16/17.01.2021 година) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична...

More Articles Like This