October 20, 2021, 9:37 pm

Макрон koнтра ЕУ: Не ми треба самит за да се видам со Путин, ќе продолжам да се гледам со него

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Францускиот претседател Емануел Макрон го бранеше неуспешниот обид на Франција и Германија да одржат самит на Европската унија и Русија, откако лидерите на земјите од Источна Европа ја соборија таа иницијатива.

„Немаше консензус да се одржи брз самит. Според мене, ова не е некоја трагедија“, рече Макрон на прес-конференција во Брисел по самитот на лидерите на ЕУ.

„Да бидам искрен, не ми треба самит на ЕУ за да го видам Владимир Путин. Го видов неколку пати како претседател и ќе продолжам да го гледам“, рече Макрон.
„Најважно е да останеме обединети. Поделбите нѐ ослабнуваат“, рече тој.

Како што беше претходно објавено, Кремљ жали што не е постигнат договор за одржување на самит Русија-ЕУ на состанокот на лидерите на ЕУ.

Кремљ потсетува дека рускиот претседател Владимир Путин се уште е заинтересиран за воспоставување на работни односи меѓу Москва и Брисел.

Latest News

Во лyдилото заборавија кој ги донесе на власт

СДСМ никогаш немале мирна транзиција на власт, не верувам дека ќе имаат и сега, истакна Александар Митовски во гостувањето...

More Articles Like This