МАЛЧЕВСКИ: На Пендаровски сериозно му е нарушен кредибилетот

  • March 11, 2019
  • Коментари

Професорот Самоил Малчевски во своето гостување во Само Вистина посочи дека кредибилететот на претседателскиот кандидат на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски сериозно е нарушен. Тој доаѓа до ваков заклучок поради неговиот молк по однос на низа на крупни прашања во Македонија, пред се немањето на став против непотизмот, реформите во правосудството и други пропусти на актуелната власт. Според него Пендаровски имал низа на ветувања како носител на пратеничката листа на СДСМ кои сега се неостварени и токму поради тоа ќе има проблеми да ги убеди гласачите да го дадат својот глас за него.

-Пендаровски во 2016-та година излезе како носител во изборна единица 1. И Пендаровски беше еден од луѓето кој ја ветуваше приказната за романтичарска Македонија.  Да не се лажеме ветуваа генерален реизбор на судии, ветуваа реформи во здравството. Ветуваа реформи во образовани, ослободување на медиумите од притисоци. И Пендаровски не може да биде изземен од таа приказна. Тој беше носител во изборна единица 1, единствена изборна единица во која што  во тој  момент СДСМ и коалиција извојува победа. И вие имате имате едно чудо изјави по медиуми, додуше само на еден портал ги има од другите сите се избришани, од таа 2016-та година во која што Пендаровски ветува се и сешто. И тој веќе има нарушен кредибилитет. Тој велеше дека ќутењето на интелектуалците е најголемо зло во Македонија по трибини, па наеднаш испадна овие две години да не го слушнеме да има став во врска со ниедно од клучните прашања. Буквално по ниедно, убаво си се вдоми како национален координатор за НАТО и мудро си молчеше цел овој период, вели Малчевски.

Претходно «
Следно »