Мамата у…- како се менуваше името на еден народ!

Поврзано

Koлyмнa нa Мирка Велиновска: „Cитe cojyзници нa Хитлep“

Колективниов запад ги стави на увид на целото човештво своите комплекси на инфериорност и љубомора наспроти Русија на овој...

И претседателот Стево Пендаровски се фотографирал со Камбер Идризи

И претседателот Стево Пендаровски, помеѓу останатите политичари од владејачката партија, се фотографирал со вчера убиениот Камбер Идризи, кој беше...

(Видео)Рано изутрината зaвpши yвидoт на лицe место по yбиcтвoтo во населбата Бутел

Увидот на лице место на екипите на Крим Техника по убиството во населба Бутел 2 во која животот го...
- Advertisement -

Минува и втората година како е променето македонското име, но се чини болката кај македонскиот народ се уште е иста, како нож во срце боде секое споменување на срамната придавка Северна.

Се сеќавам кога за прв пат го слушнав новото име на државата на едно од он-лајн предавањата на мојот брат душата ми се кинеше, за среќа и кај него гори она жарче за Македонија па не ми беа потребни ни 5 минути за да разбере дека тоа е нешто наметнато и нереално, а дека името на нашата држава е Република Македонија.

Со новите бомби, документи и докази непобитен факт е дека името на државата е променето на криминален начин, злоупотребувајќи го целиот државен апарат против еден народ, прислушкување, следење, затвори и притисоци, демократијата изминатите 3 години е мисловна именка.

Малкумина аргументираа дека бојкотот на референдумот не е најдоброто решение и дека требало да се гласа против, но замислете што ќе се случуваше во таква една ситуација, ќе се легитимираше процесот со исполнување на цензусот, а резултатот ќе беше наместен.

Сепак македонскиот народ уште еднаш ја покажа својата големина и го избра патот на бојкотот!

Година и половина откако Заев насила го промени името на државата дознаваме за операцијата „Атлантик“ уште една голема местенка на „УДБА“ со цел кршење на отпорот, можност за службите како на 27 април да ги накалемат сите оние кои можат да се спротивстават и борат против промената на името за тероризам.

Замислете јас на свои 23 години и сите оние кои застанаа на браникот на татковината станаа антидржавен елемент, македонски екстремисти и терористи, а еден црпнат од нива кој три години го тероризира сопствениот народ, демократски лидер и премиер… Ајде мајката!

Да и 27 април е една голема местенка, очајнички обид крвникот да се прикаже како жртва, да се скрши духот на македонскиот народ, а благодарение на Љупчо Палевски македонската јавност доби потврда која ги отстранува последните ронки на сомневање дека сите ние сме жртви на системот.

Од „строго доверливото“ на Палевски дознавме како Русковска и Кацарска заборавиле да приложат определени докази кои го рушат митот за Сашо Мијалков кој веќе отворено е во коалиција со Вице Заев, зошто бидејќи македонското име морало да се промени, а Заев да ги исполни концесиите кон тие што го донесоа на власт.

Зошто го заборавиле Сашо? – Па требало некои будали да ги гласаат уставните измени, а тој се нашол во улога на хендлер, главен „преговарач“ со пратеничката група.

И замислете во предметот „Атлантик“ очајнички се обидувале да го поврзат Инфомакс со Русија, а притоа заборавиле на мега аферата за тајните фондови на грчкото МНР, афера поради која Коѕијас поднесе оставка, пари кои завршија во македонски медиуми со цел перење на мозокот на Македонците по однос на промена на името.

Значи домашни квислинзи кои навистина соработувале со странски служби биле третирани како „патриотски“ елемент во општество, а ние како државни непријатели број еден.

Не велам дека македонската јавност е виновна, но граѓаните многу брзо заборавија на пораката на Катица Јанева до обвинителите во СЈО дека со нивната работа „го отвориле“ патот кон ЕУ и НАТО на државата. Поточно дека со неделувањето по некои предмети овозможиле промена на името, шутите се прашуваа со години до каде се предметите против Канчевска Милеска, Тодоров, Мијалков, како тоа казната на синот на пратеничката Авировиќ беше намалена откако дигна рака за Северна.

Да не заборавиме дека  Русковска и Кацарска ја завшрија својата работа со ослободување на Мукоски и компанија.

Епа сега сите знаеме, го слушнавме и Заев самиот за некого укинат притвор за 27 април, за некого прекината предистражна постапка на СЈО, за некого паричка, станче, закани по животи на деца итн… Се за Северна!

И сега сакам да ме погледнат во очи сите оние кои исплашени дека ќе има војна ако не го промениме името. Дечки имаше војна ама не се водеше во вашите дворови туку во дворовите на вашите пријатели, роднини, браќа и сестри. Војната се водеше во домовите на оние кои застанаа на вистинската страна на историјата борејќи се за тоа што им припаѓа за основното право на самоопределување.

Кога се промени името можеби ја загубивме битката, но за Заев (Пиноче) победата беше пирова, а ние не ја загубивме војната.

Борбата продолжува за оние кои се уште имаат волја да се борат и се додека постојат такви има надеж за Македонија и македонскиот народ.

Нешто што никогаш нема да го заборавам се зборовите на мојата баба. Чичко почина пред неколку месеци, ветеран од 2001, човек кој во 2001 ја остави душата во Танушевци, а телото му попушти години после војната…

-Сине колку ме боли за чичко ти, толку ме боли за Македонија…

Епа ова борба е за тебе чичин, Вечна ти слава! <3

Пишува: Милош Милошевски

 

 

Latest News

Мајк Тајсон твpди: „Бpeд Пит гo фaтив вo кpeвeт co мojaтa жeнa“

На социјалните мрежи повторно стана актуелна темата како Мајк Тајсон во минатото ја фатил сопругата во неверство и тоа...

More Articles Like This