October 21, 2021, 12:43 am

Маричиќ: Пред четири години бевме изолиpaна држава, денес сме членка на НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред четири години бевме изолирана држава која се плаши од соседите и мисли дека сите и се непријатели, држава која не верува во својата иднина. Денес сме членка на НАТО и нашето знаме се вее пред седиштето на Алијансата, истакна вечерва секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и министер за правда Бојан Маричиќ во Ресен.
Во сите преговори, рече Маричиќ, влеговме со самодоверба и со јасен идентитет како Македонци кои говорат македонски јазик и како такви ќе влеземе и во ЕУ.
На граѓанска трибина „Најдоброто за нашата општина“, Маричиќ оцени дека Преспа станала симбол за пријателство, добрососедство, напредок и европска перспектива.
Осврнувајќи се на политиките на СДСМ, Маричиќ рече дека инвестираат во луѓето, во човечкиот капитал и оти целта е да се решат проблемите на граѓаните.
– Покажавме дека може да се градат нови градинки и училишта, да се реновираат болници и да се вложува во оние на кои им е најпотребно, рече Маричиќ.
Градоначалникот на Ресен, Живко Гошарески рече дека е горд што во Преспа е потпишан договорот со Грција.
– Тој договор ни го донесе велзот во НАТО и не направи стабилна, сигурна и просперитетна земја која не ставува за својата безбедност, рече Гошаревски, додавајќи дека соработката со соседна Грција ќе продолжи преку отворањето на граничниот премин Маркова Нога.
Со овој граничен премин, како што посочи, ќе се отвори потенцијал за подобар просперитет и зголемена културна и економска соработка.
Визијата на СДСМ, порача Гошарески, е Преспа да обезбеди услови за младите да останат и да работат тука

Latest News

Бајден јавно призна дека е загрижен поради кинеските хипepcонични pakeти

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека е загрижен за кинеските хиперсонични ракети, неколку дена откако медиумите објавија дека...

More Articles Like This