МАРТИН ПРОТОЃЕР СЕ СПАСИ ОД СУДСКИ ПPOГOH: Делото за кое се гoнeшe во „Талир“ застарено, против Протоѓер нема постапка!

  • December 8, 2018
  • Коментари

Мартин Протоѓер, човекот кој важеше за креатор на пропагандната машинерија на ВМРО-ДПМНЕ и екс-шеф на кабинетот на Никола Груевски, од кој пак доби пофалба дека е еден од „најгенијалните политички умови“ кои тој некогаш ги запознал, се спаси од судскиот прогон во случајот „Талир“ кој го води СЈО, а се однесува на начинот на финансирање на партијата


Според обвинението, Протоѓер иако можел да знае дека средствата кои ги примил како донации врз основа на фалсификувани ПП10 уплатници во вредност од 20 милиони денари биле од „криминални активности“, тоа не го пријавил и ги пуштал парите во понатамошен оптек.

Како што пренесува „Макфакс“, делото против Мартин Протоѓер е со апсолутна застареност и против него веќе не може да се подигнуваат обвиненија кои се однеусваат на ова кривично дело.

„Мартин Протоѓер, за кого гонењето е застарено, иако бил должен и можел да знае дека парите потекнуваат од кривично дело, како овластен потписник на редовната жиро-сметка на обвинетото правно лице – политичката партија ВМРО-ДПМНЕ со потпишување на налози, паричните средства кои потекнувале од кривично дело во вкупен износ од 20.550.000 денари ги пуштил во натамошен оптек“, пишува во дел од обвинението, пренесува „Макфакс“.

Претходно «
Следно »