October 29, 2020, 12:02 pm

Марјана Станојковска со нов „биcep“:Пред 10 години ја повика на сцена да прими награда покојната Сашка Петковска, а сега наместо уредничката на МТВ ja покани пokoјната актерка

Поврзано

На листата на Haјлоши фотошоп фотографии во светот, се најде и таа- Јелена Кapлеуша

Сите понекогаш користат филтри на социјалните мрежи за да изгледаат најдобро на своите фотографии, но понекогаш желбата за добра...

За да останеш нopмална, огледај се на балканска жена: Ова мора да го прочитате

Балканската жена е имагинативна, и целиот свет е секогаш со неа: кинескиот пазар може да биде Пета авенија за...

(Видео) Peaкциитe нa мaшкитe ce ypнeбecни: Oблeчe хeлaнки, a вo зaдниoт џeб ja ocтaви вклyчeнa кaмepaтa oд мoбилниoт

Оваа Инстаграм инфлуенсерка „уловила“ многу мажи како отворено гледаат во нејзиниот задник откако во задниот џеб од хеланките сокрила...
- Advertisement -

Помина уште еден „Макфест“… Јубелејниот 35-ти, и покрај сите тешкотии, проблеми, недоумици и ризици заради Ковид -19 епидемијата, организаторите го истуркаа во најдобар ред… Со оглед на околностите – повеќе од задоволително. Важно беше традицијата да не се прекине токму на јубилејот, да не се заборави огромното творештво и сета музичко-културна оставштина што штипскиот фестивал на забавни песни и ја остави на Македонија и нејзините поколенија и да се чекаат подобри денови, за уште поблескави и понеаборавни мигови, за нови хитови и евергрини.

А „Макфест“ несомнено произвел и зад себе оставил стотици такви. Затоа и беше важно без оглед на се’, да се одржи и да го има! И бидна, а на него учествуваа и старите проверени македонски музички ведети и новите „деца“, младите пејачки имиња кои допрва доаѓаат, а од нив за некоја година поединци ќе им се приклучат на првите.

Од водителските ведети секако сите ја паметат Вера Јанковиќ – некогаш неизоставната домаќинка на сцената на фестивалскиот Штип и сегашната, последниве години водителска алтернатива, моделот и лото девојка Марјана Станојковска.

Убава, згодна, сатрактивна, сексапилна… Арно ама, модната писта е едно, а фестивалската сцена нешто сосема друго. На првата доволна е само естетиката, додека на втората харизмата, шармот, умеењето со микрофонот, владењето на говорот, динамиката на најавите, сценскиот ритам и гестикулациите во однесувањето… и уште многу други нешта ја создаваат „водителската магија“ на она нешто што еден водител „го има или нема“, го носи или не во себе, нешто што го прави уникатен, специфичен, единствен, различен од другите.

Без претензии да правиме компарации помеѓу некогашната и сегашната, ама и овој „Макфест“ не помина без „бисери“. Највоочлив оној водителскиот на Марјана, на која и по повеќе од една деценија „историјата и се повторува“.

Имено, Марјана во една од најавите презентирајќи го името на наа која треба да додели една од наградите наместо уредничката ка Културно-уметничката програма на МТВ, Мери Попова, на сцената ја покани да се појави покојната актерка. Марјана и го погоди името на уредничката, ама и го утна презимето, па наместо Мери Попова, испадна дека ја повикува некогашната македонска актерска легенда, покојната Мери Бошкова!

Да не е „трагично“ би било смешно, зашто веќе по втор пат на Маријана во водителска улога и се повторува „сценски викенд на мртовци“!

Имено, на лото девојката во улога на водителка пред повеќе од десет години на една манифестација и се случи истото. Тогаш Марјана на сцената ја повика легендарната македонска пејачка на забавни песни да прими награда, иако истата беше покојна, откако трагично загина во сообраќајна несреќа 25 и кусур години претходно:

„Ја повикувам на сцената Сашка Петковска да го прими признанието“, најави тогаш водителката Марјана Станојковска на промоција на цедето „Кирилицо испеана“ во МОБ. Тогаш младата водителка и манекенка се збуни, па на сцената ја повика легендарната македонската пејачка која трагично загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе во 1983 година. Нејзиниот колега на сцената Александар Блажевски набрзина ја извади ситуацијата, и рече дека признанието за испеаните хитови ќе го прими нејзината ќерка Сандра Липша. Станојковска веднаш се извини за грешката, па на сцената го повика и авторот на евергринот “Бакни ме”, сега исто така веќе покојниот Тодор Бојаџиев да ја прими наградата.
Маријана Станојковска другиот ден изјави дека многу и е жал за грешката. Таа тогаш рече дека се надева оти семејството на Сашка Петковска ќе и прости и прогледа низ прсти.

„Во сценариото, кое беше пред мене, за сите наградени го пишуваше истото: ‘Плакетата оди за’… Затоа настана мала забуна и наместо да речам ја повикувам ќерката на Сашка Петковска, Сандра Липша, јас го изговорив името на покојната пејачка. Јас сум млада и ова ми беше прво искуство да водам програма во живо. Родена сум во 1984 година, па не знам многу за кариерата на Сашка Петковска, која на почетокот ја мешав со Нина Спирова. Во оваа пригода сакам да му се извинам на семејството и се надевам дека ќе ми простат и ќе ми прогледаат низ прсти. Луѓе сме, грешиме”- изјави тогаш Марјана.

Сега не е ниту така млада, во професијата секако, ниту и е ова прво фестивалско и воопшто сценско искуство… Годините минуваат, а грешките за жал, одново се повторуваат. Останува да чекаме само на ново извинување на водителката, кое од Марјана Станојковска не го слушнавме вечерта на макфестовската сцена, а нејзиниот гаф го прокоментираа и некои од колегите новинари.

Кликнете ОВДЕ за да го видите ВИДЕОТО со моментот на ВИСТИНА(ТА):

Latest News

2.488 нoвoзapaзeни co кopoнaвиpyc вo Словенија зa 24 часа

Во Словенија се потврдени 2.488 нови инфекции со коронавирус во последните 24 часа, според сè уште неофицијалните податоци емитувани...

МACKИ НА ОТВОРЕНО ЗА УМОВИ НА 3ATBOРЕНО

На почетокот на пандемијата, алфа и омега на нашата заштита од новиот коронавирус беа миењето раце и дезинфекцијата, за по некое време приматот да...

Добap бизниc: Koмпанијата „Гилeaд cajнс“ веќе зapaботи 900 милиони долари од „peмдесивир“

Антивирусниот лек „ремдесивир“, кој го примаат пациенти хоспитализирани поради КОВИД-19, веќе му донесе на производителот „Гилеад сајнс“ („Gilead Science“) заработка од речиси 900 милиони...

Пpивeдeн кpaдeц oд Тетово, pacчиcтeни 15-тинa тeшkи кpaжби

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово вчера (28.10.2020) околу 11.50 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово го лишиле од слобода 28-годишниот...

На Милчин му пykна филмот: Mopничава е лecнотија со која 3aeв го pacпродава она што не е негово

Морничава е леснотијата со која Заев го распродава/раздава она што не е негово, напиша граѓанскиот активист Владимир Милчин на социјалните мрежи. Морбидно е тоа што...

More Articles Like This