Масна храна за појадок и сладолед пред спиење: Актерката шокирала со својата тајна за совршена фигура

  • March 11, 2018

Поранешната ѕвезда на ТВ шоуто “Ninja Warrior” и фитнес модел – Кејти Вилијамс (24) е позната по својата беспрекорна фигура и ригорозното вежбање. Откако признала како се храни, многумина не можеле да поверуваат.

Имено, Кејти вели дека секое утро се буди во 6 часот и 30 минути и веднаш пие јаболков оцет, кој го “залева” со двојна доза црно кафе.

По нејзиниот бокс тренинг, таа се враќа дома и појадува “масен” оброк составен од овес, млеко, мед и протеински прав. Освен тоа, таа консумира и путер од кикирики, гранола или парче тост со авокадо и две јајца.

Својот прв меѓуоброк, Кејти го има околу пладне, и тоа обично е една банана или јаболко. За ручек консумира четири оризови колачиња со мисирка, хумус, домат и краставица. Вечерата е во 19 часот и 30 минути и истата се состои од пилешко со зеленчук и салата (вклучувајќи црвен грав и сладок компир).

Денот секогаш го завршува со сладолед! Актерката ја следи диетата која подразбира пост од 16 часа, односно 16 часа разлика од вечерата до појадокот.

Предности на 16-часовниот пост

“Човековото тело се префрла во состојба на пост по 12 часа. Тоа е време кога нашите залихи на масти стануваат главен извор на енергија. Докажано е дека постот го урамнотежува нивото на инсулин, хормонот за складирање на шеќерот и глукагонот, хормонот за согорување на маснотиите”, објаснува Кејти.

Витката убавица напоменува дека најважно е да консумирате доволно вода и добро да се наспиете.

“Хидрираното тело е клучно за извршување на секоја телесна функција. Водата ја регулира телесната температура и ги пренесува хранливите материи со цел да ја добиете потребната енергија”, вели Вилијамс која открила дека се труди да спие од седум до девет часа во текот на ноќта.

 

Претходно «
Следно »