МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО БРИСЕЛ: На улиците на европската престолнина протестираа 12.000 студенти

  • January 17, 2019

Најмалку 12.000 студенти се собраа денес на протестите во Брисел и бараа од властите поактивна борба против климатските промени, јавува Anadolu Agency (AA).

Протестите ги организираа голем број невладини организации за заштита на околината, а студентите се собраа пред Централната железничка станица во Брисел.

БРИСЕЛ (АА) – Најмалку 12.000 студенти се собраа денес на протестите во Брисел и бараа од властите поактивна борба против климатските промени. Протестите ги организираа голем број невладини организации за заштита на околината, а студентите се собраа пред Централната железничка станица во Брисел. ( Dursun Aydemir – Агенција Анадолија )

Демонстрантите по централните бриселски улици пешачеа до седиштето на Европскиот парламент, Европската комисија и Европскиот совет, а организаторите тврдат дека во пет километри долгиот протестен марш учествувале најмалку 12.000 студенти.

„Земјата им припаѓа на сите“, „Да ја зачуваме околината“ и „Климата и младите на едно место“, се некои од пораките од транспарентите кои ги носеа демонстрантите.

Белгиската полиција презеде максимални безбедносни мерки и поради протестите привремено го блокираше сообраќајот во поголемиот дел од улиците во центарот на Брисел.

Внимание привлекоа и новите полициски возила кои ги користи белгиската полиција, а станува збор за специјални возила опремени со надзорни камери чии снимки нудат преглед на сликата од 360 степени

Претходно «
Следно »