МАСОВНО ЌЕ СЕ ВРАБОТУВА ВО АДМИНИСТРАЦИЈА: Вонредната состојба дојде како „кец на десетка“, владата укинува закони за да може да вработува пред избори

  • March 26, 2020
  • Коментари

Владата чии уредби во вонредна состојба имаат законска сила, донесе една таква одлука со која на државните институции и општините им се овозможува во предизборниот период – иако се одложени, Македонија е во предизборен период поради распишаните избори – да распишуваат тендери и да вработуваат

Па така во уредбата објавена во Службен весник на Република Мкаедонија, се укинува, се до денот на завршување на вонредната состојба, задолжителноста на почитувањето на членовите 8-а, 75-г, 75-д и 84-а од Изборниот законик. Сите, членови од законот кои се однесуваат на забрана за вработување и распишување на тендери во тек на предизборието.

 

 

Дополнително, со друга уредба, се запира со применување на членот 35 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Со членот 34 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси се забранува вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос додека трае изборниот процес.

„ – да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи“ – се вели во последниот став од членот 34 на Законот за спречување на корупација и судир на интереси, а се однесува на изборниот процес.

Во членот 8-а од Изборниот законик пак, се забранува започнување на постапки за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи.

Овој член, заедно со членот од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, сега, со уредба на Владата со законска сила се става надвор од употреба со што се овозможува и се отвара пат за масовно вработување во администрацијата пред предвремените парламентарни избори за кои се уште нема одредено нов датум, иако истите се веќе распишани.

 

 

И што би рекле коцкарите, оваа ситуација дојде како „кец на десетка“. Како да чекале раководителите на државните институции, градоначалниците и министрите, па подготвени ја пречекаа ова уредба на владата.

Подготвени или по наредба, независно, во вонредна состојба и во услови во кои Зоран Заев тврди дека Македонија има 1.3 до 2 милијарди евра буџетска дупка, а економијата најверојатно е тргната кон крах, државните и јавните институции, градоначалници, директори и министри распишаа огласи за вработување на стотици нови лица.

Вработувања кои ќе чинат милиони евра.

 

 

 

Во меѓувреме, улиците ќе ги чува модерната македонска УДБА, новата АНБ.

Вонредна состојба, де.

Претходно «