Матурантите излажани: Државната матура ќе се полага како што сакаат надлежните, а не како што бараа матурантите

Поврзано

Учениците и наставниците koнтра Царовска, не сакаат дигитални место класични хартиени учебници

Учениците од четврто до деветто одделение и средношколците ќе имаат електронски учебници и материјали, додека од прво до трето...

Средношколците на нозе: Cтoп за уништување на образованието, доколку Царовска продолжи со инaетење, излегуваме на улица

Целиот период на министерската за образование Мила Царовска е исполнет со скандали, уништување на образованието и инаетење на министерката....

Царовска: Училиштата ќе ги печатат учебниците за децата кои немаат електронски уреди

Новиот систем за образование, новата Концепција за основно образование и новите програми предвидуваат и современ концепт на учебници. Со...
- Advertisement -

Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 имаше големо влијание врз секојдневниот живот особено врз образованието. Кога станува збор за образование не може, а да не се споменат матурантите, односно начинот на полагање на државната матура. Имено матурантите подолг период излегуваа на протести во врска со полагањето на државната матура.

Но и покрај неколкумесечната голгота со државната матура вчера се постигна договор помеѓу матурантите и власта.

-Заедно со Сојузот на средношколци, низ дијалог дојдовме до компромисно решение. Се договоривме за два екстерни испити, додека за третиот екстерен испит се согласивме да се трансформира во интерен. Ги образложија своите аргументи за прилагодување на концептот на државната матура заради влијанието на пандемијата на образовниот процес, а имаа слух и за нашите ставови, објави премиерот Заев.

Но по сето ова имаше голем број на реакции за тоа дека власта уште еднаш потврдила дека нема разбирање со учениците и дека со ова одлука Владата исто така не ја испочитувала волјата на матурантите.

Ова исто така го потврдија и од ВМРО-ДПМНЕ.

-Учениците – матурантите не дозволија несовесната министерка до крај да им ја уништи иднината и прифатија решение, кое не целосно ги поддржува нивните барања. Учениците покажаа зрелост којашто недостасува кај ресорниот министер.Матурантите протестираа и изгубија драгоцено време и енергија за на крај, сепак Владата да попушти- но не докрај да ја испочитува нивната волја.ВМРО-ДПМНЕ го почитува ставот на учениците – матуранти за постигнување компромисен договор за начинот за полагање на матурата, иако нагласуваме дека како министер којшто дал ветување, Мила Царовска можеше и мораше да ги послуша токму учениците кои што покажаа интегритет, упорност, но и способност за организирање преговори.ВМРО-ДПМНЕ и во минатото и сега силно ги подржува учениците, со цел успешен премин во следните фази на нивното школување или вклучување на пазарот на трудот, се вели во соопштенито на ВМРО-ДПМНЕ.

Од сето ова може да се заклучи дека за разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ го почитува ставот на матурантите за полагање на матурантите и како и во минатото така и сега ги подржува учениците.

Latest News

(Видео) Пандов: Секој еден од нас треба да се разбуди и во недела пред Владата со срце и љубов да побара правда и слобода...

Претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ  Александар Пандов во денешното издание на "Неделен брифинг" на Инфомакс порача дека секој...

More Articles Like This