October 30, 2020, 9:10 pm

Мајката секогаш треба да мисли два пати. Еднаш за себе, а еднаш за своето дете: 10 животни лекции од Софија Лорен

Поврзано

Сања Кужет направи хаос во Ѕвездите на Гранд (видео)

Водителката влета на сцената и на сред емисија ги растури хартиите Атмосферата за време на снимањето на музичкото шоу Ѕвездите...

На листата на Haјлоши фотошоп фотографии во светот, се најде и таа- Јелена Кapлеуша

Сите понекогаш користат филтри на социјалните мрежи за да изгледаат најдобро на своите фотографии, но понекогаш желбата за добра...

За да останеш нopмална, огледај се на балканска жена: Ова мора да го прочитате

Балканската жена е имагинативна, и целиот свет е секогаш со неа: кинескиот пазар може да биде Пета авенија за...
- Advertisement -

Италијанската филмска дива Софија Лорен го сними својот последен филм во 2009-та година, а сега поводот за да сними филм после цели 11 години е нејзиниот син Едоардо Понти, кој е режисер на драмата на „Нетфликс“, „The Life Ahead“, каде актерката има главна улога.

За 86- годишната актерка важи мислата „Мајката секогаш треба да мисли два пати. Еднаш за себе, а еднаш за своето дете“, така што во ниту еден момент не помислила да го одбие својот син.

– Кога син ми ми ја понуди улогата, тоа беше остварување на сон за мене. Веднаш ја прифатив шансата. Многу ми се допаѓа Мадам Роза. Таа е и цврста и кршлива, таа е човек кој преживува. Во многу нешта ме потсетува на мајка ми- изјави Лорен.

Софија ја игра Мадам Роза, Еврејка која го преживеала Холокаустот, која помага во одгледувањето на децата на починати проститутки, што и самата своевремено го работела. Таа особено се зближува со Момо, 12-годишен сирак со сенегалско потекло, откако тој ќе се обиде да ја ограби. Филмот ќе има светска премиера во Рим следниот месец, а на „Нетфликс“ ќе биде достапен од 13 ноември.

Таа има успешна кариера, но и богат живот кој ја научил многу лекции. Секоја од нив била еднакво важна, особено овие десет кои според нејзе злато вредат.

1. Сексапилот е 50% тоа што го имаш и 50% од тоа што луѓето мислат дека имаш.

2. Мораш да уживаш во животот. Секогаш опкружи се со луѓе што ти се допаѓаат, со кои можеш убаво да разговараш. Постојат толку позитивни работи за кои треба да размислуваме.

3. Фустанот треба да биде како ограда од бодликава жица – да ѝ служи на својата намена, но без да го попречи погледот.

4. По сите овие години, сè уште сум вклучена во процесот на самооткривање. Подобро е да го истражуваш животот и притоа да правиш грешки, отколку да играш на сигурно. Грешките се дел од долговите, кои личноста ги плаќа за да води богат живот.

5. Мајката секогаш треба да размислува двапати. Еднаш за себе, еднаш за своето дете.

6. Постои фонтана на младоста. Тоа е твојот ум, креативноста, која ја внесуваш во својот живот и во животот на личностите што ги сакаш. Кога ќе научиш да го користиш тој дар, тогаш вистински ќе победиш во животот.

7. Погрешно е да мислиш дека кога еднаш ќе завршиш училиште веќе нема да мора да научиш нешто ново.

8. Твоите очи не може да бидат убави, ако не заплакале барем еднаш.

9. Многу луѓе мислат дека сакаат работи, но всушност не поседуваат сила, дисциплина. Верувам дека го добиваш тоа што го сакаш само ако тоа доволно силно го сакаш.

10. Мислам дека завидливоста доаѓа однатре. Тоа е нешто што го имаш или немаш и навистина нема врска со градите, нозете или прчењето на усните.

Latest News

(Документи) Ckaндал во новата Bлада: На прв ден во Влада татко и чичко на министер добиле тендер

На првиот ден како министер во владата блиски роднини на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски добиле тендер...

Ѓорчев: Состојбата е kaтастрофална, грaѓаните со живот ги плаќаат нeeфикасните владини мерки

Состојбата е катacтрофална и нема зборови кои што ќе можат тоа да го ублажат, да го разубават или владини мерки какви што не се...

Состојба по општини во Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19. Починaти се 5...

Скопје со алaрмантни 13 174 заpaзени, трицифрени бројки во речиси сите други градови во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-420, Куманово-35,...

Црн рекорд: Зapaзени 934 лица од 2.748 тестирани, пoчиналe пет лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-420,...

More Articles Like This