МВР апелира: Не употребувајте петарди и други пиротехнички средства – казните се големи и нема да има толеранција

  • December 13, 2018
  • Коментари

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните за време на празниците да не употребуваат пета рди и други пиро технички средства. Нема да се толерира и нај строго ќе се казнува препродавањето и употребата на пиротех ничките средства.
Согласно Законот за прекршоци, против јавниот ред и мир на лице кои неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните ќе му биде изречена глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност.


Согласно Кривичниот законик, тој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огн ено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до дес ет години.

„Ако предмет на делото е поголемо количество огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години. Ако делото е сторено во група, банда или друго злосторничко здружение, сторителот ќе се казни со затвор најмалку осум години“, информираат од МВР.

Претходно «
Следно »