МВР ГИ РАСЧИСТУВА КРИМИНАЛЦИТЕ:Облеката и брисот разоткрија двајца разбојници од Скопје

  • April 22, 2018

Минисерството за внатрешни работи поднесе две кривични пријави за два одделни случи на разбојништво, едниот во аптека во Ченто, а другиот во казино на булеварот Партизански Одреди. Во едниот случај, полицијата го идентификувала разбојникот благодарение на облеката која ја пронашла во неговиот дом, а во другиот го фатила разбојникот тестирајќи го брисот на маската што ја носел.

За разбојништвото во аптека кривична доби 40-годишен скопјанец. Тој делото го извршил на 9 април во 19.20 часот, на улицата Маџари во населбата Ченто.

„Кога тој влегол во аптеката, дошол до работниот пулт и со закана со пиштол кон вработената ги одзел парите од касата, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 18.900 денари. По преземени мерки и активности и со издадена наредба, извршен е претрес во домот на Д.М., при што е пронајдена облеката која пријавениот ја носел при извршување на кривичното дело и Д.М. е приведен“, соопштија од МВР.

За второто разбојништво кривична доби 24-годишно момче од Скопје. Кражбата ја извршил на 31 март околу 21 часот во казино на булеварот Партизански Одреди.

„Тој влегол заедно со уште едно лице, со бела маска на лицето и со закана со огнено оружје-автоматска пушка кон вработените одзеле 83.910 денари и го напуштиле местото на настанот. Од страна на полициски службеници извршен е увид на местото на настанот, при што во непосредна близина на казиното е пронајдена една бела маска и по извршеното вештачење утврдено е дека подигнатиот брис потекнува од пријавениот М.И., кој потоа е приведен“, наведоа од скопската полиција.

Претходно «
Следно »