МВР ГО ПОТВРДИ НАПАДОТ: Шеесет годишен жител од велешко пукал кон Тодоров

  • June 1, 2017

Минисерството за внатрешни работи потврди дека денеска на пладне пред Министерството за здравство лицето Љ.С. (1957) од село Долно Каласлари, Велешко испукал два проектили од пиштол кон поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, кој не е повреден по нападот.

Од МВР претходно информираа дека во полицијата е пријавено дека во 12:05 часот физички бил нападнат поранешениот министер на улица „50 Дивизија“ пред Министерството за здравство.

Од страна на полициски службеници Љ.С. е приведен на местото на настанот, каде што e пронајдена една чаура.

Истрагата е во тек и се работи на целосно расчистување на случајот.

Во Министерството за здравство денеска во 12:30 часот беше најавено примопредавање на функцијата министер за здравство помеѓу Никола Тодоров и Арбен Таравари.

Претходно «
Следно »