МВР ГО ТРЕСЕ УШТЕ ЕДЕН РЕЗИЛ: Вчерашната „акција за апсење на терористи“ била лажњак – полицијата само транспортирала веќе уапсени терористи!

  • August 8, 2018

Истиот ден кога Оливер Спасовски во соопштение до јавноста истакна дека ќе бара повлекување на Лазо Велковски директор на БЈБ поради скандалот со службеното возило кое беше користено за лични цели, уште еден нов скандал е на повидок во министерството.

Имено во текот на вчерашниот ден македонските медиуми ги информираа граѓаните дека според МВР во полициска акција биле уапсени 7 припадници на ИСИС од Македонија кои се бореле во Ирак. Но американското министерство за одбрана открива дека тие вшусност веќе биле уапсени од страна на коалиционите сили кои се борат во Ирак, а се предводени од САД и се наоѓале во затвори во Сирија и Ирак, по што со хеликоптер биле пренесени во Скопје и предадени на македонската полиција.

Македонското министерство за внатрешни работи во ниту едно од своите соопштенија не спомена дека се работи за репатријација, туку дека македонската полиција спровела акција во која ги привела овие лица кои всушност веќе биле приведени.

-Полицијата ноќеска спроведе акција во која уапси македонски државјани на возраст до 47 години кои учествувале во воени и паравоени акции на туѓа територија, се вели во соопштението на МВР.

Претходно «
Следно »