МВР ДА ГИ ОБЈАВИ СНИМКИТЕ, БАРА ЈАВНОСТА: Срамно, ден пред 8 мартовскиот марш СДСМ прикри еклатантен пример на напад врз жена!

  • March 5, 2018

Социјалните мрежи вријат по настанот во кој жена полицаец беше нападната физички од висок функционер на ДУИ, Беким Асани. Реакции стигнаа на социјалните мрежи стигнаа и од поранешни високи функционери на СДСМ како и подржувачи и учесници во шарената револуција. Имено МВР се обиде да го прикрие настанот а министерот за внатрешни работи ден по немилион настан ја прими полицајката која беше физички нападната. Во соопштението по средбата и ја поздрави нејзината храброст и посветеност на работата. А заклучокот од средбата беше дека таа наводно само ,,вербално’’ била нападната, а се само повредила удирајќи се во возилото пајак.

Спинот на МВР за овој настан е очигледен, а се погласни се барањата за пуштање во етер на снимките од настанот. Според очевидци ,,летале шамари’’, а работата стигнала дотаму да биде репетиран и пиштол и побарана помош на полициските радио станици. Причина за нападот на полицајката било тоа што таа си ја вршела работата и му пишала казна на непрописно паркираниот Асани.

За иронијата да биде уште поголема ден по обидот на МВР да се прикрие настанот се одржи осмомартовскиот марш на жените кој го организираше СДСМ во Куманово. На настанот говореа голем број министри и високи функционери на СДСМ како се залагаат за правата на жените, да повториме ден откако физички беше нападната жена полицаец која си ја вршеше својата службена должност.

На својот фесјбук профил по повод настанот реагираше и поранешниот директор на Центарот за комуникации на СДСМ, Ивор Мицковски кој вели ,, Шеќеринска: Зад нас ги оставивме годините во кои систематски се кршеа правата на жените. А, пајакот?’’

Токму на овој настан реагираше и шарената Ирена Ристиќ која на својот фејсбук профил напиша ,, Велат кај Мавровка фрчеле шамари, некој се вртел 360 степени, пиштоли се репетирале, помош се барала…Имало сведоци, снимки…Али добро…’’

Ова не е изолиран настан во кој новата влада покажува дека воопшто не ја интересираат правата на жената.Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска која беше меѓу говорниците на осмомартовскиот настан во Куманово се пофали со унапредување на правата на жените, а пред само неколку месеци унапреди војник кој беше обвинет за полов напад. Шеќеринска унапреди во полковник офицер кој бил вратен од мисијата во Авганистан поради обид за силување на жена-војник дел од мисијата во оваа земја. На иронијата и нема крај, а животот дојде за оние кои вршат насилство врз жените.

Претходно «
Следно »