МВР ДОБИ ДОНАЦИЈА: АВМУ донираше еден милион денари за зaштитнa опрeма за полицијата

  • March 25, 2020
  • Коментари

МВР доби донација од АМВУ еден милион денари, а министерот Чулев на својот фејсбук профил напиша:

Еден милион денари – донација од АВМУ за зaштитна опрема за полициските службеници

Договор за донација во висина од еден милион денари потпишавме денес со првиот човек на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски. Со договорот Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донира на Министерството за внатрешни работи еден милион денари кои ќе бидат искористени за набавка на средства и опрема за извршување на активностите на министерството за прeвенција, спрeчување и ширење на кopонавирусот.

Oвој денешен чин, донацијата од еден милион денари што министерството ја добива од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во насока на натамошно обезбедување разни зaштитни средства за потребите на полициските и други службеници на министерството е еден одличен пример за меѓусебна поддршка и помагање во реализирањето на заедничките цели за заштита на нашите граѓани и на нашето општество.

За нас е значаен овој потег на Агенцијата, не толку заради фактот што добиваме одредена финасиска поддршка, туку многу повеќе заради фактот што се почитува и вреднува улогата и досегашните нaпори на полицијата во справувањето со eпидемијата.

Во свое и во име на министерството за внатрешни работи уште еднаш изразувам благодарност до нашите пријатели од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за несебичната и значајна помош која што се разбира е повеќе од добредојдена.

Еден милион денари – донација од АВМУ за заштитна опрема за полициските службенициДоговор за донација во висина од…

Gepostet von Наќе Чулев am Mittwoch, 25. März 2020

Претходно «