МВР НЕМА ОВЛАСТУВАЊЕ ДА ГИ ОБЈАВИ СНИМКИТЕ: Уште едно оправдување или продолжено прикривање на криминал?

  • March 4, 2018

МВР нема законска можност да ги објави снимките од случајот со полицајката, изјави на денешната прес-конференција директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски.

Во однос на овој случај, Велоковски ја повтори вчерашната изјава на министерот Оливер Спасовски дека од страна на МВР целокупниот материјал што е обезбеден за случајот со полицајката е предаден до Основното јавно обвинителство.

– За снимките постои законска процедура во кои рамки и на кој начин се обезбедуваат и се доставуваат до ОЈО. Од тие причини ние не сме во можност да ги објавиме снимките во медиумите, туку занконска обврска е да ги доставиме до ОЈО, рече директорот на БЈБ.

За тоа до каде се кривичните пријави против Бекир Асани за нападот на Тодор Петров и нападот на новинарот во македонското Собрание, Велковски изјави дека таа постапка е од поодамна затворена и сите материјали МВР ги доставило до ОЈО.

Бекир Асани, висок функционер на ДУИ, како што информираше МВР, вербално нападна полициска службеничка откако таа со „пајак“ служба тргнала да го отстарни погрешно паркираното возило на Асани, кај Мавровка.

Претходно «
Следно »