МВР ОБЈАВИ СНИМКИ ОД БЕЗБЕДНОСНИТЕ КАМЕРИ: Ајде да видиме дали имало насилство, и кој провоцираше

  • June 18, 2018

Полицијата се потрудила да на дојде до насилен упад во Собранието, велат од МВР, иако назнаки или најава дека нешто такво се случува немаше, имајќи во предвид дека се работеше за една помала група на, како што велат присутните – провокатори, кои се обидоа да се спротивстават на полицијата

 

Во текот на вчерашниот јавен собир во Скопје, пред зградата на Собранието, дел од демонстрантите,од кои голем број  маскирани,  насилно ја турнаа заштитната ограда и почнаа со фрлање на камења и пиротехнички средства и други предмети кон зградата на Собранието и полицискиот кордон, воедно обидувајќи се насилно да влезат во Собранието.

Со цел спречување на понатамошно нарушување на јавниот ред и мир и насилен упад во Собранието, а постапувајќи согласно процедурите, полицијата спроведе соодветни мерки и активности. – велат од МВР. 

Иако само во еден изолиран дел од насобраниот народ, помала група се обидуваше да предизвика инцидент и да го загрози интегритетот на мирниот протест, полицијата која имаше можност селективно да реагира, односно солзавец и шок-бомби да фрли само во оваа помала група, полицајците решија да започнат со акцијата онаму каде што беше насобран мирниот народ. Луѓе во години, со семејства, помлади кои пееа песни.

 

Повредени се 10 полициски службеници, а седум лица побарале лекарска помош. Приведени се 26 лица. Околу 21:30 часот околу 50 демонстранти, движејќи се во група се упатиле кон Плоштад Македонија и насилно упаднале во два угостителски објекти, кадеискршиле дел од инвентарот и предизвикале паника и страв кај присутните гости, а во еден објект демонстрантите врз гостите фрлиле солзавец. Во близина на хотелот Холидеј ин запалено е комбе Фиат, а огнот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. – се додава во соопштението на МВР.

Но, не се објаснува ниту од каде им бил солзавецот на демонстрантите, како што тврди полицијата, ниту пак е објаснето за каков вид на повреди се работи, имајќи во предвид дека најголемиот дел од полицајците беа повредени од сопствените колеги кои шок бомбите ги фрлаа во нивните нозе.

Солзавецот пак е средство кое во посед може да го има државата, имајќи во предвид дека истото не е возможно да се најде во слободна продажба. Повторно, без објаснување, МВР тврди дека кај демонстратите имало шок-бомби и солзавец.

Министерството за внатрешни работи потенцира дека го почитува правото на мирен протест, но нема да дозволи употреба на сила врз полицијата и насилен упад во институциите, како и нарушување на јавниот ред и мир. Министерството апелира на демократски начин на изразување на јавното мислење.

 

Претходно «
Следно »