September 28, 2021, 12:07 pm

МВР постапува по пријавата за жpтвa во пожaрите во општина Старо Нагоричане

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По објавата на повеќе медиуми дека жена од Члопек, Старо Нагоричане се води за исчезната, од МВР за МИА велат дека постапуваат по пријава за жртва во пожарите во општина Старо Нагоричане.

Претходно ТВ 24 излезе со вест дека жена изгоре во куќа што ја зафатил пожарот. Обидувајќи се да се засолни од оганот, таа се заклучила во куќата и не успеала да се извлече пред пламените јазици. Тие се повикаа на сведоштво на мажот со кого таа живеела.

– Стојанка беше во собата. Не можев да ѝ помогнам. Имаше животинки, ништо не остана. Никој не помогна. Кога се изгоре, тогаш дојдоа. Немам сега за ништо, за леб, вода, апчиња, изјави Стојан кој живеел со Стојанка, пренесува ТВ24.

Пожарникарите денеска два пати интервенирале во Челопек. Како што пренесува МИА, првиот пожар бил регистриран од 11 до 12.30 часот, а гореле бараки. Вториот пожар пак бил регистриран во 15.20 и траел сѐ до 19 часот во Челопек, каде што изгореле и куќа, објект, добиток и стрништа.

Latest News

Арсовска: Бecплaтeн jaвeн пpeвoз зa cитe cкoпjaни

Бесплатен јавен превоз за сите скопјани и понуда на избор за жителите за еколошка алтернатива на нивните автомобили беше...

More Articles Like This