МВР-ТУРС ДИВИЗИЈА „ВОЗИ МИШКО“: Полицаец користи службено возило за превоз на девојка

  • August 7, 2018
  • Коментари

Уште еден случај на злоупотреба на службено возило протече во јавноста. Фотографија од полицаец во униформа кој на своето службено возило, мотор превезува девојка ги преплави социјалните мрежи во Македонија. Јавноста жестоко реагираше и е особено сензитивна на ваквата фотографија поради мега скандалот со службеното возило на дирекоторот на БЈБ, Лазо Велковски кое неговата ќерка го злоупотреби за патување на летен одмор.

Сепак за сите овие случаи пред се одговорноста е кај министерот Спасовски кој направи вистински хаос во министерството. Спасовски постави партиски кадри на раководни позиции кои си дозволуваат да се однесуваат како локални шерифи, по што вавките злоупотреби станаа вистинско секојдневие во Македонија.

Претходно «
Следно »