МЕГАГАЛЕРИЈА ОД МАСОВНИОТ МИТИНГ: Огромен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, народот го кажа своето!

Поврзано

СОТИР КОСТОВ: “Кој ќе владее со светот?”

Што всушност му се случи на светот? Како вирусот на стравот овозможи целосно надгледување и тотална контрола на граѓаните?...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев пpитискa за избори на кои наместо гласови ќе броиме пoчинaти и зaрaзeни

Додека Македонија ги брои новозаразените и починатите, наши сограѓани со име и презиме со семејства и пријатели, за СДСМ...

Инфектологот Цана: Во просек сега имаме повеќе заразени отколку кога беше воведен полицискиот час

Доколку кривата со нови случаи продолжи со ова темпо во наредните денови, вкупниот број на заразени од Ковид-19 кај...

ВМРО-ДПМНЕ со Коалицијата вечерва одржа масовен собир во Скопје. Реки од народ пристигнаа од сите скопски населби.

Владееше победничка и еуфорична атмосфера. Граѓаните сплотено присуствуваа на завршниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ, пред локалните избори кои ќе се одржат во недела.

Пред огромниот број на граѓани се обратија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски.

Македонија, нашата љубов, нашата светлина, нашата татковина. Македонија, нашата судбина. Македонијо, се поклонуваме пред тебе, ние, твоите луѓе, твоите граѓани, вака го започна своето обраќање пред огромниот број присутни граѓани Никола Груевски.

-Скопје, ти го претвори овој настан во вистинска прослава со твојот ентузијазам, енергија и возбуденост. Вие веќе го претворивте 15ти октомври во победа. Овој наш собир на храбрите, одлучните и посветените луѓе кои ги здружуваат силите за да ја кажат громогласно волјата на македонските граѓани на 15-ти октомври. Овој наш собир, оваа голема средба на граѓаните на Македонија кои сакаат мир, спокојство, единство, кои сакаат еднаквост, нови проекти и правда. Овој наш собир е голема средба на Македонија која сака развој за своите градови и села, решенија за проблемите и посветла иднина за нашите деца. 15-ти октомври е денот кога ќе се одлучи нашите градови да добијат помодерен изглед, нашите луѓе да бидат посреќни и побезбедни. 15-ти октомври е името на новата ера, новата љубов, новата возбуда и новата победа, истакна Груевски.

Тој посочи дека ВМРО е родено од срцето на нацијата која имала визија и посакувала најдобра иднина за Македонија и никогаш не се штедела во пожртвуваноста да го оствари тоа.

-Ние сме предводници на голема кауза и предци на еден голем и велик пат.Има милиони луѓе кои многу придонеле во нашата организација и чекореле на овој пат заедно со сите нас. Има многубројни херои кои чекореле по овој пат со нас и кои оставиле трага служејќи и на оваа земја. Македонија напредуваше многу со нивниот беспоштеден труд и макотрпна работа. Кога го продолживме нивниот пат, ветивме едно нешто: Ќе работиме дење и ноќе со сета наша енергија и сила за Македонија и со забрзани чекори ќе ја внесуваме нашата земја таму каде што заслужува, меѓу развиените земји во светот, нагласи Груевски.

Победуваме за модерно и напредно Скопје, за Скопје каде има соживот и почитување, за солидарно Скопје. За Скопје кое се развива и Скопје кои нуди можости за сите, со решенија и шанси за сите, порача кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје, Коце Трајановски, од вечерашниот масовен митинг во Скопје.

Во изборната програма на Трајановски се  предвидени проекти за сите 10 скопски општини.

Тој најави ново средно училиште во општина Аеродром, работа на проектот за нова пречистителна станица за Скопје, изградба на нов Луна Парк.  Дел од неговата програма е и уште еден излез од Аеродром кон Центар со мост на реката Вардар.

Најави изведба на кружен тек кај Момин поток  во Карпош, изведба на Јужен булевар позади Рамстор во Центар, продолжување на булевар „Борис Трајковски“ четврта фаза до Драчево во Кисела Вода. Ќе се продолжи булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“  кон  заобиколница кај Чаир и Бутел.

Трајановски вети проширување на булевар „ Никола Карев“,  поранешна Пластичарска улица во Чаир. Ќе се реконструира улицата „Инидира Ганди“ во Шуто Оризари, ќе се прошири булевар „Александар Македонски“ кај влезот во Скопје во Гази Баба. Ѓорче Петров ќе добие нов кружен тек, а ќе се реши проблемот со водоснабдувањето на селата  Букович и Ласкарци во Сарај.

Актуелно

Инфектологот Цана: Во просек сега имаме повеќе заразени отколку кога беше воведен полицискиот час

Доколку кривата со нови случаи продолжи со ова темпо во наредните денови, вкупниот број на заразени од Ковид-19 кај...

KOНЕЧНО ЌЕ МОЖЕМЕ КОГА САКАМЕ ДА СЕ ДВИЖИМЕ: Од денеска целосно се укинува полицискиот час

Од денеска целосно престанува да важи Одлуката за забрана и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Македонија. Оваа одлука е донесена...

ДО КОГА ЌЕ ГО ПУШТАТЕ ДЕВОЈЧЕТО ДОМА РАСПЛАКАНО?: Заев ја oбвини Нина Групер за лошата состојба на буџетот

Планира ли Зоран Заев да ја пyшти низ вода министерката за финансии, Нина Ангеловска? До кога ќе го пуштате девојчево дома да си оди...

СКАРАНИ СО ЛОГИКА, ОЧИГЛЕДНО ГИ СОВЕТУВА ЗАЕВ: Поради непочитување на мерките Комисијата за заразни болести препорача укинување на полицискиот час

Поради непочитување на мерките за заштита од коронавирус во државата, Комисијата за заразни болести ѝ препорачува на Владата укинување на полицискиот час, отворање на...

СКОПЈЕ ЕПИЦЕНТАР НА ЗАРАЗАТА: 16 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти во: Скопје-3 и Тетово-11. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни...

Повеќе вести