Меган Маркл му ја врати бурмата, а бившиот сега се ожени со милијардерка

  • May 13, 2019

Холивудскиот продуцент Тревор Енгелсон (42), поранешниот сопруг на Меган Mаркл (37) само две недели откако Меган стана војвотка ја запроси својата тогашна свршеница, сегашната сопруга, милијардеката Трејси Курланд (31).

A, само шест ден од доаѓањето на светот на Арчи, синот на Меган, двојката го изговори и судбоносното „да“ во Калифорнија. На нивната венчавка гостите јаделе хамбургер, помфрит, „цезар“ салата и школки.

Тревор по разводот од Меган се чувствувал многу лошо, а потоа утеха пронашол во богата наследничка, нутриционистката Трејси. Кога Меган и Тревор се развеле, сега веќе војвотката од Сасекс бурмата му ја испратила по пошта.

Разводот на Меган и Тревор ги изненадил нивните пријатели кои отсекогаш сметале дека тие двајца се складна двојка.

Претходно «
Следно »