МЕГА ПРОЕКТ НА СДСМ ВО ОХРИД: : Во ЈП Билјанини Извори купиле нова правосмукалка

  • April 15, 2019

Во официјално соопштение испратено до медиумите денес ЈП Билјанини Извори ја информира јавноста дека купиле нова правосмукалка, која плус може и да полира паркет и ламинат. Во соопштението не е наведена вредноста на оваа инвестија која е наречена со „Продолжува со планот за техничко осовремување“, пренесува порталот Охрид 1

Во соопштението стои:

„Продолжува со планот за техничко осовремување и поддршка на техничкиот персонал при претпријатието кој е задолжен за одржување на постоечката спортска инфраструктура во Спортскиот центар “Билјанини Извори”, а се со цел подобрување на условите за нашите спортски корисници, спортските клубови и рекреативците.

Деновиве ЈП Билјанини Извори се поднови со современа машина за чистење и одржување на паркет од фирмата Клинфикс со одлични перфоманси за чистење, полирање и одржување на паркети и ламинатни подлоги.

Ова е уште една скромна но многу значајна, од отварањето на салата прва од ваков тип, техничка инвестиција која во многу ќе го подобри и олесни досегашното одржување и чистење на паркетот при спортската сала.

ЈП Билјанини Извори и во иднина планира да инвестира во подобрувањето и осовременувањето на техничката опрема при С.Р.Ц. “Билјанини Извори” веруваме на задоволство пред се на сите наши корисници но секако и на нашите вработени задолжени за одржување на спортската инфраструктура при центарот.“

Претходно «
Следно »