МЕДВЕДЕВ СО ОСТРА КРИТИКА: Лудите и милитаристички изјави на државите на НАТО го потресоа пазарот во Русија

  • April 12, 2018

Ситуација што се случи по воведените нови санкции САД бара владата на Русија будно да ја следи ситуацијата, иако пазарот веќе реагираше, изјави премиерот на Русија Дмитриј Медведев.

“Знаете што се случи кога беше усвоен уште еден пакет на санкција на САД: на крај и нашата берза и пазарот на валути бурно реагираа на тоа – падот на берзанските индекси, природно се рефлектираа на показателите на руските компании. Без обзир на тоа, ситуацијата е под контрола, очигледно да дека пазарот се однесува поразлично, но се враќа во нормала. Сепак, ситуацијата бара владата на Русија будно да ја следи ситуацијата не само во производствената туку и финансиската сфера”, вели Медведев.

Тој изјавите на САД ги нарече “луди и милитаристички”.

“За нестабилност на пазарот допринесува и секоја луда и милитаристички изјави кои доаѓаат од државите на НАТО”, рече Медведев.

Претходно «
Следно »