МЕДИУМИТЕ ВО РЕГИОНОТ ЈА ПРЕНЕСОА ТРАГИЧНАТА ВЕСТ: Како регионалните медиуми ја пренесоа трагичната вест за Влатко Илиевски

  • July 7, 2018

Откако потресната вест за смртта на македонскиот рокенрол пејач Влатко Илиевски ја потресе целата нација, со брзина на светлината веста ја пренесоа и соседите.

Едни од најпопуларните српски електронски медиуми веднаш ја пренесоа потресната вест од соседството, а во центарот на вниманието се најде и неговото претставување на Македонија на Евровизија.

Илиевски кој беше еден од најпознатите рокери на нашите простори беше пронајден мртов вчеравечер во својот автомобил, а веста за неговата смрт ја пренесоа и неколку европски медиуми посветени на Евровизија на која тој во 2011 година пееше во името на Македонија.

Претходно «
Следно »