МЕКАРТИ: Американските пријатели се тука да ја потсетат опзоцијата да не избрзува со заклучоци и да биде конструктивна

  • August 14, 2019

Меѓународната заедница деновиве е едногласна во барањето до властите во државава во врска со расчистување на случајот „Рекет“.

Со коментар се огласи и Пол Мекарти, директор за Европа во Меѓународниот републикански институт во Вашингтон, кој укажа дека треба да се дозволи истрагата да продолжи понатаму за да се види што всушност е точно, а што не е.

-Во овој момент ние ги имаме само овие снимки и тоа сигурно е загрижувачки. САД, особено Меѓународниот републикански институт, водат голема грижа за институционална транспарентност и силно судство. Истрагата треба да биде завршена, изјави Мекарти за Гласот на Америка.

Тој вели дека опозицијата треба да почека да се реши случајот, пред да излегува со какви било заклучоци. Важно е да биде конструктивна, а американските пријатели се тука за да ја потсетат на тоа, рече тој.

Претходно «
Следно »