МЕЛИТА РАКИЧЕВИЌ: Не му ги потрошив парите на Виктор, и мојот бизнис пропадна како и неговиот!

  • February 13, 2019

По неколку години „медиумска илегала“, Мелита Ракичевиќ деновиве јавно говорела за разводот со сопругот Соме, но открила и детали поврзани со нејзината бурна љубовна врска со младиот битолчанец Виктор пред камерата на „Бекстејџ“.

Секој развод е тежок, но кога веќе нема љубов и емоции најдобро е да стави крај на бракот и да се продолжи напред. Со Соме останавме пријатели и до ден денес си помагаме и се поддржуваме и функционираме супер, открила Мелита и се осврнала на нејзината последна врска за која многу се пишуваше во медиумите.

Јас сум среќна што на овие мои години успеав да доживеам таква љубов. Јас сакам филмски работи, а нашата љубовна приказна беше баш таква. Голем дел од медиумите пласираа невистини за нашиот однос, па дури одеа дотаму и пишуваа дека ме оставил затоа што сум му ги потрошила сите пари. Тоа е лага, заедно потрошивме сè, пропадна и мојот бизнис исто како и неговиот затоа што многу се занесовме и бевме 24/7 посветени еден на друг, а се друго ставивме во втор план, додaлa поранешната водителка.

Претходно «
Следно »