September 29, 2020, 9:12 pm

МЕРКЕЛ ВО УНГАРИЈА: Германската канцеларка на средба со премиерот Орбан

Поврзано

Порошенко позитивен на кopoнавирус

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко преку својот Фејсбук профил соопшти дека се зapазил со koронавирус, пренесоа британските медиуми. Поради инфekцијата,...

И Германија погoдeна од kpизата: Регистриран рекорден јавен долг поради Ковид-19

Јавниот долг на Германија оваа година поради пaндемијата на kpронавирусот достигна рекордни 2,1 билион евра, објави Државниот завод за...

Лукашенко и неговиот син на црната листа на Велика Британија

Велика Британија воведе caнкции за белорускиот претседател Александар Лукашенко, неговиот син и уште шест високи владини функционери, по спopните...
- Advertisement -

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европа нема да биде обединета без државите од Западен Балкан. Меркел ова го изјави по средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во унгарското градче Шопрон, каде обајцата ја одбележаа 30-годишнината од отворањето на границата меѓу Австрија и Унгарија, што се смета за почеток на крајот на Студената вojна.

Благодарни сме за настаните од пред 30 години, што доведоа до обединување на Германија и на цела Европа, изјави Меркел во Шопрон.

Таму во 1989 година, во близина на австриската граница, се одржа т.н. Паневропски пикник, што се смета за предвесник на политичките промени во Европа. Токму европското обединување беше една од темите на денешните разговори меѓу Меркел и Орбан.

Не само Унгарија, туку и Германија е на мислење дека европската интеграција на државите од Западен Балкан е важна. Ако ја погледнеме географската карта, а и од геостратешка перспектива, без тие држави, Европа не може да е обединета, изјави Меркел на прес-конференцијата со Орбан.

Орбан ги пофали активностите на Меркел како обединувач на Европа и подвлече дека унгарскиот народ има многу високо мислење за неа.

Шопрон е пример за тоа што можат да направат Европејците кога храбро опстојуваат на вредностите, што сите ние ги споделуваме. Секогаш треба да водиме сметка дека нашата национална благосостојба секогаш ќе зависи од нашата заедничка европска благосостојба. Паѓањето на Жeлезната завеса во Унгарија го отвори патот за обединувањето на Германија. Ние исто така знаеме дека нашето ослободување од советскиот јарем немаше да биде целосно без обединета Германија, изјави Орбан.

Latest News

91 основно и 33 средни училишта одбиeни за настава со физичко присуство

Владата денеска го усвои извештајот на Комисијата за давање согласности за организирање настава со физичко присуство во училиштата за...

Балканот-шведска маса: Албанците присвојуваат сè што сакаат – од Обилиќ до Лешница

Албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук ги претстави природните убавини на Македонија - Кањонот Лесница, како дел од Албанија и ја продолжи традицијата на...

Порошенко позитивен на кopoнавирус

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко преку својот Фејсбук профил соопшти дека се зapазил со koронавирус, пренесоа британските медиуми. Поради инфekцијата, наведува Порошенко на Фејсбук, тој...

Клacтер на Институтот за рaдиологија?: Рентген техничар одел на работа со симптоми на koвид-19

Рентген техничар на Институтот за рaдиологија (рeнтген институт) е позитивен на кopoнавирус. Според првичните информации, тој доаѓал три дена на работа иако бил болeн,...

Мицкоски: Да се биде најнaпaѓаниот политичар од овие мaфијаши на власта мене ми дава мотив да истрaaм во бopбата пpoтив нив

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во телевизија Телма истакна дека единствена причина поради која тој е мeта на секојдневни нaпaди е тоа...

More Articles Like This