October 20, 2021, 8:22 pm

Меркел и Мaкрон пpoтив олабавувањето на мерките, бараат строги правила за влез во ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги повикаа другите европски лидери да заземат поостар став за патувања од земјите надвор од Европската унија.
Тие ја посочија Велика Британија, за да се спречи ширењето на делта варијантата на ковид-19.

Пред нејзиното пристигнување на европскиот самит во Брисел, Меркел најави дека ќе лобира за покоординиран пристап од страна на членките, особено за туристите од региони каде што се повеќе распространети новите варијанти на вирусот.

„Очигледно сме загрижени за варијантата делта“, рече таа пред новинарите.

Макрон им порача на членките на ЕУ да бидат крајно претпазливи за оваа варијанта, откриена во Индија, која е позаразна и се чини дека ги погодува луѓето кои не се целосно вакцинирани.

Францускиот лидер исто така рече дека 27-те членки мора да донесат покоординирани одлуки за отворање на границите на патници од трети земји.

Тие предупредувања доаѓаат откако британскиот премиер Борис Џонсон навести дека Велика Британија ќе дозволи неограничен влез за оние кои биле целосно вакцинирани.

Европските влади се согласија на „белата листа“ од 13 земји, вклучително и Австралија и САД, за кои ќе бидат укинати ограничувањата за патување. Меѓу нив ја нема Велика Британија.

Франција и Германија бараат карантин за патниците од Велика Британија, додека Португалија и Шпанија, две земји зависни од британски туристи, досега не го прават тоа.

Latest News

Митовски: Членството на СДСМ ја kaзни партијата, тивкото мнозинство гласаше за промени

Главниот и одговорен уредник во Инфомакс, Александар Митовски, вечерва гостуваше во емисијата „Јади бурек“, на ТВ Сонце. Митовски во...

More Articles Like This