МЕРКЕЛ ОМЕКНА ПО ПРАШАЊЕТО ЗА МИГРАНТИТЕ: Меркел се согласи со Сиховер за потреба да се намали миграцијата во ЕУ

  • July 2, 2018

Спорот околу можноста да се враќаат мигрантите на германската граница го дели деценискиот сојуз помеѓу Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и нејзината баварска сестринска партија Кристијан Социјална унија (ЦСУ).

Во интервју за медиумот ЗДФ, германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека се согласила со министерот за внатрешни работи, Хорст Сихофер, кој исто така е шеф на ЦСУ, за потребата да се намали приливот на мигранти кои доаѓаат во Европа, меѓутоа, има несогласувањата околу тоа како за да се постигне оваа цел.

Меркел изјави дека не сака одлуки во Европа да бидат носени еднострано и на штета на трети страни.

Одговарајќи на прашањето дали спорот помеѓу ЦДУ и ЦСУ може да се реши, Меркел избегна директен одговор и истакна дека “ќе стори сé” за двете страни да можат да постигнат резултати за време на преговорите што треба да се случат денеска.

Покрај тоа, канцеларката ги пофали одлуките на неформалниот самит на ЕУ што се одржа во Брисел на 24 јуни, додавајќи дека сите европски земји се согласија за потребата од одбрана на надворешните граници.

Прашањето за миграцијата ја стави Германија на работ на политичка катастрофа, бидејќи Меркел беше сериозно критикувана од Сихофер, кој и ‘даде двонеделен ултиматум за преговори за поединечни договори со непосредните соседи на Германија за да му дозволи на Берлин да ги врати бегалците кои веќе се регистрирани во друга земја на ЕУ.

Масовниот прилив на бегалци од Африка и Блискиот Исток кон Европската унија започна во 2015 година, меѓутоа, блокот се уште се соочува со сериозни политички поделби во врска со одговорот на проблемот.

Претходно «
Следно »