МЕРКЕЛ ПОВИКА НА РАЗУМ: Германија одговори негативно на барањето на Порошенко за помош од НАТО во Украина

Поврзано

(Видео) Николоски од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се увезува тутун во државата додека не се откупи последниот килограм македонски тутун

Мотив плус веднаш после победата на изборите на 15 јули да работиме за брза реализација на нашето клучно ветување...

Силјановска и одговори на Царовска: Пpoпаста на економијата започна кога вие станавте вицепремиер за економски прашања

Пpoпаста на економијата драга Мила започна кога Вие станавте Вицепремиер за економски прашања. Па, кога видовте дека сѐ оди...

Сафет Бишевац позитивен на кopoна виpyc

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на опозициската партија, на Фејсбук објави дека е позитивен на корона вирусот. Во...

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги повика властите во Киев да покажат воздржаност, откако украинскиот претседател Петро Порошенко го повика НАТО да испрати бродови во Азовското Море за да ја поддржи Украина во спорот со Русија околу Крим.

– Испраќаме молба до Украина да покаже воздржаност, бидејќи работите може да се решат само ако сите останеме разумни и ако разговаравме меѓу себе. Овие противречности не можат да бидат решени со воена сила, изјави Меркел во обраќањето на Германско-украинскиот економски форум во Берлин.

Таа нагласи дека за ситуацијата околу Азовското Море ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за време на претстојниот Самит на Г-20 во Аргентина.

Меркел нагласи дека иако Договорите од Минск не довеле до решавање на кризата во Украина, Германија и Франција ќе продолжат да работат за надминување на проблемите во рамки на т.н. нормандиски формат, кој покрај овие две джрави го сочинуваат и Русија и Украина.

– „Минск“ овозможи избегнување на сериозна ескалација во Донбас, но не придонесе за политичко решавање на проблемот и таму секој дневно гинат луѓе, порача Меркел.

Порошенко во интервју за магазинот „Билд“ го повика НАТО да стационира воени бродови во Азовското Море и да ја поддржи Украина во спорот со Русија.

Тој оцени дека Путин сака да го окупира Азовското Море и затоа е потребна решителна реакција на Западот. – Единствениот јазик, што тој го разбира е единството на западниот свет, изјави Порошенко.

На ваквото барање на Порошенко, денеска реагираше и Москва која оцени дека очигледна цел на украинскиот претседател е да испровоцира дополнителни тензии.

– Тоа е насочено кон провоцирање дополнителни тензии и продолжување на провокативната политика во интерес на продизборните внатрешни политички интереси на претседателот Порошенко, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тензиите меѓу Москва и Кив ескалираа во неделата кога руската армија отвори оган врз три украински воени брода, кои се обиделе од Црното Море да влезат во Керченскиот Теснец, по што ги задржа украинските пловила заедно со 24-ца членови на нивните екипажи.

Украина тврди дека нејзините бродови се наоѓале во меѓународни територијални води, додека, според Русија, тие навлегле во нејзините води со цел да провоцираат нови тензии.

Актуелно

Шokaнтнa ayдио бomбa: “Рашо одобри, се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да...

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа за коисе тврди дека...

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во километарски колони, возачите се нервозни...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Чулев: Изборни нepегуларности нajcтрого ќе се caнкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка...

(Видео) По зakaните по неговиот и животот на Јовановски, Дуковски видно вознемиpeн, известени се и амбасадите

Видно вознемирен и нервозен вака може единствено да се опиште денешниот настап на адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски при изјавата пред обвинителството откако...

Повеќе вести