January 23, 2021, 8:46 am

Меркел: Пaндeмиjaтa гo мeнyвa глoбaлниoт oднoc нa cилитe вo кopиcт нa Азија

Поврзано

Николоски: Tројцата премиери со кои се сретнавме ни кажаа дека никој од власта од државата не се јавил да помогнат со вакцини

Вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски гостуваше во централниот дневник на Сител Телевизија. Во своето гостување посочи дека ниту...

Само Македонија и Африка ќе чекаат до 2022 година за колективен имунитет

Африка ќе мора да чека „неколку недели ако не и месеци“ пред да прими вакцини „Ковид-19“ одобрени од Светската...

Kина со уште две вакцини против ковид-19

Светската здравствена организација следната недела ќе почне да ја разгледува можноста за одобрување за итна употреба на две кинески...
- Advertisement -

– Пандемијата на коронавирусот дополнително ќе го промени глобалниот однос на силите во корист на азиските земји, оцени денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

-Пандемијата економски ќе не уназади, предупреди Меркел на видео-седницата на германската Влада, нагласувајќи дека има извесно економско закрепнување во азиските земји, како Кина и Јужна Кореја, во кои граѓаните дисциплинирано носеа маски и помалку демонстрирале против владините мерки.

Германија нема намера да ги контролира своите граѓани на начин како што тоа го прави Кина, порача Меркел, но, додаде, мора да се направат дополнителни напори за да се следи чекор со технолошкиот развој, пренесоа британските медиуми.

Германската полиција минатиот месец употреби водени топови и употреби солзавец за да растера илјадници демонстранти, кои протестираат против воведувањето рестриктивни мерки во Берлин.

На денешната видео седница на германската Влада, министерот за здравство Јенс Шпан соопшти дека вакцинацијата против коронавирусот во Германија ќе почне во јануари следната година.

Latest News

Cтapото cojyзништво – Германската амбасадорка: Договорот со Бугарија мора да се спроведе

Меѓу Македонија и Бугарија има добрососедски односи. Бугарија прва ја призна Македонија како независна и е силен поддржувач...

More Articles Like This