ЗАКОНСКИ МЕРКИ КАКО ОД ТE3ГА: Субвенции за плински уреди во автомобилите може ќе има од есен, а може и не

  • July 31, 2019

За вградување на плински уред во автомобилот, Владата ќе врши поврат на средства и тоа до 50 отсто од сумата која ја потрошиле граѓаните, но не повеќе од 300 евра. Ова се дел од измените на Законот за возила. Не беше кажано од кога ќе стартуваат овие мерки, но ако има пари од ребалансот, ќе стартуваат оваа есен, а ако не, од другата година.

„Првата мерка е мерка за субвенционирање на трошоци за вградување на уред за погон на алтернатвно гориво на постоечките возила. Со оваа мерка ќе се субвенционираат над 1.200 граѓани. Втората мерка е мерката за субвенционирање на купување на нови возила со одјава на старото возило“, рече министерот за економија, Крешник Бектеши.

Во новиот Закон за возила предвидено е и воведување на жолти таблички за таксистите. На тој начин ќе се избегнат несовесните таксисти, оние кои работат на цpно, а со тоа ќе се зголеми сигурноста и бeзбeднocта на корисниците на такси превозот, велат надлежните. Дополнително, измените предвидуваат и еколошки мерки. Посебни служби ќе определуваат кој автомобил каква налепница ќе добие, во зависност од еко стандардите кои ги поседува.

Налепниците ќе се издаваат во општините, ќе бидат жолти, црвени или зелени. Министерот вели дека налепниците  не се задолжителни. Но, доколку во деновите кога е енормно зaгaдyвaњeтo на воздухот, а властите воведат сообраќаен режим, а на возилото нема никаква налепница, тој автомобил мора да остане паркиран. Во спротивно следува парична кaзнa која допрва ќе се определува.

За граѓаните чие возило не ги сполнува еколошките стандарди ќе можат да аплицираат за субвенции до три илјади евра од државата при купување на ново патничко моторно возило, но само по принципот „старо за ново“. Условите за овие субвенции сеуште се нејасни.

Претходно «
Следно »