МЕРЦЕДЕС ПОВТОРНО ПРЕД ФЕРАРИ: Пол позиција за Ботас!

  • April 13, 2019

Финецот Валтери Ботас од тимот на Мерцедес ќе стартува од првата позиција во неделната трка за Големата награда на Кина во Светското првенство за возачи во Формула 1, откако во саботните квалификации за 23 илјадатинки од секундата беше побрз од клупскиот колега и актуелен светски шампион Британецот Луис Хамилтон кој ќе му прави друштво во првиот ред.

Од вториот ред трката ќе ја започне тандемот на Ферари, Германецот Себастијан Фетел и Шарл Леклер од Монако. Фетел зад Ботас заостана три десетинки, додека разликата меѓу него и Леклер беше само 17 илјадатинки.

Неделната трка за Големата награда на Кина, којашто стартува во 8 часот по македонско време, ќе биде третата сезонава, а јубилејна 1000-та трка во историјата на Формула 1.

Стартни позиции за ГН Кина

1. Валтери Ботас (Финска / Мерцедес)

2. Луис Хамилтон (Велика Британија/ Мерцедес)

3. Себастијан Фетел (Германија / Ферари)

4. Шарл Леклерк (Монако/ Ферари)

5. Макс Верстапен (Холандија/ Ред Бул)

6. Пјер Гаси (Франција / Ред Бул)

7. Даниел Рикардо (Австралија / Рено)

8. Нико Хуелкенберг (Германија / Рено)

9. Кевин Магнусен (Данска / Хаас)

10. Ромен Грожан (Франција/ Хаас)

Претходно «
Следно »