МЕСТЕНКИ И НАПАДИ ВРЗ МИТКО ЧАВКОВ: Власта се обидува да предизвика инцидент со Чавков за да го обвини повторно

Поврзано

ДИРЕКТОРОТ И УШТЕ НЕКОЛКУ ЛИЦА ВО ИЗОЛАЦИЈА: Вработен во трудовата инспекција е позитивен на корона вирусот

Директорот на државниот инспекторат за труд, Алајдин Хавзиу, е во самоизолација откако еден вработен во трудовата инспекција е позитивен...

ЗАРАЗЕНИ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА: Шест лица од клиниката за Гастро-ентерохепатологија во ГОБ 8 ми септември позитивни на коронавирус

На клиниката за гастроентерохепатологија во Градската општа болница 8 Септември се детектирани 6 зaразени лица од коронавирус од медицинскиот...

НАЈМАЛКУ 80 ИЛЈАДИ ЛУЃЕ ИЗБЕГАЛЕ ОД КАРАНТИНОТ ВО СКОПЈЕ: 20 илјади возила го напуштија главниот град

Околу 20.000 возила денеска излегле од Скопје според податоците до 19 часот од наплатните рампи на патарините. Од Јавното претпријатие...

Теророт и изживувањето врз поранешниот министер за внатрешни работи и директор на БЈБ Митко Чавков не престанува.

Откако пред само една недела Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје одлучи да му го укине притворот на Чавков и ја прифати дадената гаранција со недвижен имот, Чавков се соочува со нов исцениран случај. Овој пат на Чавков му беше испратен наркодилер за да го испровоцира, со што би се предизвикало инцидент.

Дел од медиумите пренесуваат дека вчера попладне струмички наркодилер познат во Струмица како Ванчо Комитата, осуден за трговија со дрога предизвикал инцидент во угостителскиот објект „Подгорски Ан“во близина на Колешинските водопади во Струмица, каде што претходно бил присутен и Чавков. Најпрво Ванчо Комитата се обидел со мобилен телефон да го фотографира Мирко Чавков во угостителски објект. Но, за да не дојде до инцидент, Чавков си замина. По ова најверојатно исплашен дека не ја завршил работата за кој бил испратен, наркодилерот Ванчо Комитата почнал да демолира и да крши во угостителскиот објект, при што била повикана и полиција која го привела.

Но, ова не е прв ваков случај Чавков да се соочува со тортура. Слика од екс министерот Чавков најпрво излезе во дел од медиумите блиски до СДСМ во обвинителната клупа во Основниот суд Скопје 1- Скопје.

Потоа на социјалната мрежа Фејбук од страна на полициски службеник беше објавена фотографија од Чавков во дворот на Истражниот затвор Шутка, додека го користел правото на дневна прошетка во рамките на притворското одделение во истражниот затвор во Шутка.


Дека случајот е повеќе политички отколку правен, докажува и фактот дека уште пред да започнат судското рочиште за настаните од 27-ми април во Собранието, Чавков веќе беше обвинет од медиумите блиски до власта, без да се почитува презумцијата на невиност.

За потсетување на јавноста, Врховниот суд на Република Македонија на 26-ти март донесе одлука притворот на Митко Чавков и уште неколку обвинети да се замени со куќен притвор. Но би било чудо доколку и оваа одлука не помине со некој скандал. Така што само после 24 часа откако Врховен ја донесе одлуката, Кривичен суд ја преиначи и повторно го врати Чавков во истражниот затвор Шутка со образложение дека не ја испочитувал одлуката на Врховен суд.

Дека Чавков е „трн во око“ на сегашната власт на СДСМ е повеќе од јасно. Денот кога Чавков го приведувале го земале од сегашната адреса на која живее, но откако го пуштиле во домашен притвор го оставиле на паркингот пред станот кој бил во надлежност на Министерството за внатрешни работи и за кој МВР им испратило решение каде што им даваат рок од 10 дена за иселување од истиот.

Дека ова е класично психичко малтретирање и тортура врз Чавков и неговото семејство покажуваат и фотографиите сликани како Чавков со комбе се иселува од тој стан.

-Го вратија на издржување на мерка домашен притвор на адреса каде што тој стан е празен, ние сме иселени од тој стан, станот е во сопственост на МВР. Ние добивме решение за иселување од тој стан во рок од 10 дена. Сите се запознаени со тоа, дури и во јавноста имаше слики како ние тој ден се пакувавме, Чавков сликан како товара во комбе. Сите знаеја дека на таа адреса нема никој, тој е празен стан, не е во наша сопственост, немаме клучеви, немаме ништо. Го оставија таму на улица, на паркингот и си заминаа. Татко ми остана сам на улица, јас и брат ми отидовме го земавме и го однесовме на местото каде што живееме, изјави Зорица Чавкова, ќерка на Митко Чавков во едно гостување на национална телевизија.

Како една од причините за малтретирањето врз нејзиниот татко, наведе дека ова е одмазда врз нејзиниот татко, бидејќи истражувал криминал на функционери од актуелната власт.

Во кој правец ќе продолжи политичкиот реваншизам и одмаздата врз Митко Чавков е прашање кое треба да се постави на оние кои што го нарачале сето ова до сега.

Актуелно

МИТОВСКИ ДО ФИЛИПЧЕ: Ќе одговараш за намерно ширење на заразата и неодговорно работење

Венко, мислиш дека ако бегаш од одговори на нормални новинарски прашања ќе ја избегнеш одговорноста или се надеваш дека...

(Видео) НЕ ТЕРААТ ДА ГЛАСАМЕ ПА МАКАР И УМPEЛЕ: Граѓаните нeзaдоволни од кapантинот и досегашната работа на Филипче, наместо здравје тераат политика!

Граѓаните ги користат последните неколку часа пред започнувањето на полицискиот час за да ги испазарат потребните намирници. На градскиот пазар во Скопје имаше повеќе...

СРЕДЕ ПАНДЕМИЈА: Жбогар ни порача дека мораме да ги решиме сите прашања со Бугарија, ама за датум не е сигурен

Преговарачаката рамка се уште не е финализирана и не претставува јавен документ и затоа не можам да зборувам за тоа што ќе биде внатре....

ФАТЕНИ ЖИВИ-СЕ ЛАЖИРААТ БРОКИТЕ НА НОВОЗАРАЗЕНИ?!: Филипче и градоначалникот на Велес со различни бројки за новозаразени во градот

Денес 4 нови случаи во Велес од корона вирусот. Ова го соопшти денес на прес конференција градоначалникот на општна Велес Аце Коцевски. Тој истакна...

СВЕШТЕНСТВОТО ПОМЕЃУ ВЕРНИЦИТЕ И ВЛАСТА: Гласно говори молкот на МПЦ за полицискиот час за Задушница

Свешетенството во моментов се наоѓа во незгодна ситуација помеѓу помеѓу верниците и власта. Гласно говори молкот на МПЦ за полицискиот час за Задушница. Светиот архијерејски...

Повеќе вести