МЕСТО БЛАГОСЛОВЕНО ОД БОГА: Надалеку се слуша за прекрасниот манастир во делчевско

Поврзано

(Видео) НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ: Група астрономи открија диск галаксија стара 12,5 милијарди години

Група астрономи открија голема диск-галаксија, создадена пред 12,5 милијарди години. Имајќи предвид дека станува збор за најоддалечената галаксија од таков...

(Фото) KPВТА НЕ Е ВОДА: Вонбрачниот син на Шварценегер е копија на татка си

Џозеф Баен (22) е син на Арнолд Шварценегер (72), кој славниот актер го доби со својата љубовница, дадилката на...

ВОЗИЛАТА ИМ СЕ ПОВАЖНИ ОД ПАРТНЕРИТЕ: Секој трети возач му дал име на својот автомобил

Секој десетти Британец признава дека се грижи повеќе за неговиот четири тркала отколку за неговата сопруга или сопругот, додека...

Св. Богородица Балаклија е манастир во близина на Делчево на оддалеченост од 1.5 км од градот, и е еден од најрепрезентативните верски и културни објекти во општина Делчево.

Сместен е во прекрасен природен предел во подножјето на планината Голак покрај регионалниот пат Делчево-Туристички локалитет Голак. Целиот простор е репрезентативно уреден и оплeменет со традиционални градби, патеки, места за одмор, поток, чешма, водопад, летниковци и др. содржини. Повеќе пати во годината овде на ова место се случуваат повеке религиозни, културни и други настани.

Податоци за постоење на Манастирот Света Богородица Балаклија- Источен петок датираат уште од 1915 година. Тогаш манастирот бил граден од плет и кал. Поради таквата градба тој не можел подолги години да опстои, бил cpyшен и на старите темели на 6-ти јуни 1999 година бил обновен со поставување на камен темелник.

На 19.09.1999 година од Неговото Високо Преосвештенство Митрополит Брегалнички Господин Стефан и во сослужение на Митрополитот Агатангел и Митрополитот Наум и повеке свештеници и ѓакони беше осветен манастирот.

Надворешно е фасадиран со бела боја и црвен гитер цигли, покриен со црвени керамиди. Основата на манастирот е во вид на православен крст со едно централно кубе.

Внатре ѕидовите на манастирот целосно се фрескописани од зографот Драган Ристевски од Охрид. Има иконостас направен од дрво и двери на кои е насликано Благовештението на Пресвета Богородица и завеса од Господ Исус Христос а до неа е иконата на Свети Јован Крстител на вратата. Лево е иконата на Света Богородица, а до неа на врататa е иконата на Света Богородица Балаклија- живоносни источник и Храмов празник на манастирот.

Внатре во олтарот има престол околу кој може да се кружи. На престолот има aнтимис, Св. Евангелие на македонски јазик, мал свеќник, еден престолен крст и распетие. Има мал жpтвeник, комплет Св. Саседи и кадилница.

Реконструкцијата и возобновувањето на манастирот целосно завршиле во 2002 година од страна на фондацијата “Благовестие”.

Во 2000 година на празникот на храмот во склоп на целиот комплекс е поставен камен темелник на манастирски конаци кои што се изградени до карабина.

Актуелно

ГОЛЕМОТО УВО Е НА БИХАЌКА: Чулев открива скандал – АНБ незаконски ја задржала техничката можност да прислушува

Министерот за внатрешни работи бара од ЈО по допрен глас да отвори истрага за одговорност. Чулев на денешната прес-конференција...

СОСОЈБАТА ЕСКАЛИРА: 38 нови случаи на коронавирус во Македонија, има и починати

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-1, Куманово-1, Прилеп-4, Велес-9, Битола-1. Починаа двајца пациенти од Тетово....

ЈА ЗАГУБИ БИТКАТА ЗА СВОЈОТ ЖИВОТ: Почина првиот здравствен работник во Македонија од коронавирусот

Со жалење сакаме да ја известиме јавноста дека од КОВИД -19 почина и првиот здравствен работник. Фармацевтска комора на Македонија загуби почитуван...

(Фото+Видео) БРУКА НЕВИДЕНА: Скопје има нова населба со име на борец од УЧК, имаше и свечено „отворање„

Табла со името „Арбен Бајрами“ деновиве беше поставена во Долно Оризари – Скопје. Како што пренесува порталот на албански јазик „Ина онлајн“, таблата била...

РУСКОВСКА ФАТЕНА ВО ЛАГА-ЗАЕВ НЕ ГО ПРИЈАВИЛ СЛУЧАЈОТ?: И се згадило кога Камчев ѝ кажал што се случувало

Што очекувате од личност што буквално секоја вечер го поминуваше по кафаните и рестораните со највисоките луѓе од СДСМ, рече вечерва генералниот секретар Игор...

Повеќе вести