МЕЧКАТА ПОЧНА ДА ИГРА И КАЈ ЦИЦ ВО КУМАНОВО: Финансиска полиција влегла и во општина Куманово, Циц проневерил милион евра!

  • July 9, 2016

Освен градоначалникот на општина Струмица, во длабок криминал и корупција бил влезен и градоначалникот на општина Куманово, или како што велат кумановци за општината (Дамјановски ДООЕЛ)

cic_prase

Имено, се работи за криминал тежок неколку милиони евра кој исто како и во примерот на Заев бил направен преку искористување и местење на тендерите за превоз на ученици но и за изградба на затворениот базен во Куманово.

Поточно се работи за сума од околу 1.3 милиони евра сомнителни зделки на општина Куманово (Дамјановски ДООЕЛ), за превоз на околу 5.000 средношколци.

Како што пишува локалниот портал „Плоштад.мк“ се работи за следното:

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Ако утврдувањето на висината на договорите за превоз на ученици најмногу зависи од два параметри( број на ученици и цена на нафта) како Ракитиќ Циц гледа на овие бројки…
1. Вкупен број на ученици во средно образование во Општина Куманово за учебната 2012/2013 изнесува 6514
( Извор, Државен завод за статистика)
2.Просечна цена на дизел гориво =70,50 денари
(Извор, Регулаторна комисија за енергетика)
3.Процената вредност на договор за превоз на ученици
=63 000 000, 00 денари или =1 024 390 евра
4. Вредност на СКЛУЧЕН ДОГОВОР, = 66 141 306, 00 денари или =1 075 468 евра.
5.Просечна цена за превоз по ученик со ДДВ изнесува
=10 154,00 денари или 165 евра.
До тука ќе помислите дека се е во ред, но пазите сега.
1.Вкупен број на ученици во средно образование во Општина Куманово за учебната 2014/2015 изнесува 5917
( Извор, Државен завод за статистика )
2.Просечна цена на дизел гориво =48,00 денари
(Извор,Регулаторна комисија за енерегетика )
3.Проценета вредност на договор за превоз на ученици
=80 321 249, 00 денари или 1 306 036 евра
4. Вредност на СКЛУЧЕН ДОГОВОР =84 371 338, 00 денари или 1 371 338 евра
5. Просечна цена за превоз по ученик со ДДВ изнесува =14.253, 00 денари или 231, 80 евра
Прашања до Градоначалникот Зоран Дамјановски-Ракитиќ Циц, до директорите на училиштата во Куманово, до Секторот за образование во Општина Куманово, фирмите кои ги добиваат тендерите за превоз и пред се целата кумановска јавност.
1.Како е можно во услови кога се НАМАЛУВА бројот на ученици од 6514 на 5917 (околу 10%) просечна цена на превоз по ученик да се ЗГОЛЕМИ од 10154, 00 на 14253?
2.Како е можно во услови кога цената на дизел гориво се НАМАЛУВА за 32% од 70,50 на 48,00 денари,просечна цена за превоз по ученик да се ЗГОЛЕМИ ?
3.Најважно,со која весела математика се пресметува формирањето на оваа ДЕ ЛУКС цена па во услови кога според сите параметри вредноста на договорот за превоз на ученици треба да ОДИ НАДОЛУ таа се ЗГОЛЕМУВА за фантастични 300 000 евра.
Почитувани пријатели на ПЛОШТАД, погледнете ги бројките и ќе видите дека за само година дена вредност на договорот се зголемил од =66 141 306,00 денари на 84.371.338, 00. Разликата е =18.230.032, 00 денари или 296 423 евра.
Ракитиќ, нели бројот на учениците се намалува, која е оваа весела математика?[/kopa_block_quote]

Освен ова, од „Плоштад“ информираат дека пред една недела во општина Куманово исто така влегла финансовата полиција, при што биле запленети голем број на материјали во врска со овој случај, но и со изградбата на затворениот базен во градот.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″] Минатата среда (29 Јуни 2016 год.) финасиската полиција влезе во Општина Куманово и ја ОДЗЕДЕ комплетната документација за ПРЕВОЗОТ НА УЧЕНИЦИ и ИЗГРАДБАТА НА ЗАТВОРЕНИОТ БАЗЕН – пренесува „Плоштад“[/kopa_block_quote]

Интересно е тоа што Специјалното јавно обвинителство, контролирано од амбасадта на САД и СДСМ засега нема преземено никаква акција против овие двајца градоначалници кои се обвинети за тежок криминал, од кои Заев последно е обвинет и за нелегална изградба на луксузен хотел во вредност од неколку милиони, покрај останатите кривични дела. Наместо тоа, СЈО покрена иницијатива против градоначалникот на Битола, секако без никаков основ, а по нарачка на Бејли и СДСМ, за некаков, измислен криминал со превоз на ученици кој бил дур три-четири пати поевтин од превозот кој криминално го плаќале Заев и Циц.

 

Претходно «
Следно »