МЗТ СКОПЈЕ ДОБИ НОВ СИЛЕН СПОНЗОР: „Џевахир Холдинг“ нов спонзор на клубот од Аеродром

  • September 4, 2018

Kомпанијата „Џевахир Холдинг“ е нов спонзор на македонскиот кошаркарски вицешампион МЗТ Скопје Аеродром. На денешната прес-конференција беше соопштено дека двете се обврзаа на едногодишен договор со можност за негово продолжување.

Сопственикот на турската компанија која гради во Македонија истакна дека со задоволство се нафатил да даде поддршка на клубот.

– Се надевам дека ова соработка ќе продолжи понатака со голем раст на поддршката од наша страна. Очекуваме МЗТ, не само на домашна сцена, туку и во меѓународни рамки да има успеси, рече Џевахир.

Директорот на МЗТ, Тони Грнчаров рече дека со спонзорството од „Џевахир Холдинг“, тимот добива нови стабилни средства кои се потребни за непречено функционирање. Детали за договорот не беа објавени.

– Очекувам успешна соработка и на крај сите заедно да се радуваме на успешни резултати, нагласи Грнчаров.

Претходно «
Следно »