January 16, 2021, 8:51 am

МЗ: Нa инфeктивнитe oддeлeниja вo зeмjaвa ce лeкyвaaт 812 пaциeнти

Поврзано

Akтивни 16.231 cлyчaj co Koвид-19: Pacте бpoјoт нa oздpaвeни пaциeнти

До вчера во земјава беа регистриарни 16231 активни случаи на Ковид-19, од кои најголем број – 9985 се од...

СЗО co бapaњe: Дa нe ce вoвeдyвa oбвpcкa зa вakциниpaњe пpи пaтyвaњaтa

Вонредниот одбор на Светската здравствена организација (СЗО) ги советуваше државите да не ги условуваат меѓународните патувања со докази за...

Eдeн милиoн кинecки вakцини пpиcтигнyвaaт дeнecка во Србија: Вучиќ лично ќе гo пpeчeкa aвиoнoт кoj ќe cлeтa oд Кина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на аеродромот „Никола Тесла“ ќе го пречека авионот „Ер Србија“, кој ќе донесе милион...
- Advertisement -

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 812 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 68 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19, информираат од Министерството за здравство. 

„Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 64 болни, а во Куманово 118 пациенти позитивни и суспектни  на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп  112, во ковид центарот во Гостивар 55, а во Струга 21 болни. 

Во болницата во Струмица лежат 79 пацинети, во Кочани 20, во Кичево 15, Кавадарци 40, а во Гевгелија 7 лица позитивни на корона вирусот.  Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. 

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1297 и има колку 150 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла“ стои во соопштението. 

Од таму наведуваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. 

„И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени“ велат од Министерството за здравство.

Latest News

Cилeн зeмjoтpec peгиcтpиpaн вo Татарски Теснец

Земјотрес со интензитет од 6,4 степени соред Рихтеровата скала синоќа е регистриран во Татарски Теснец во Русија, соопшти Европски...

More Articles Like This