МАКЕДОНИЈА-СИРИЈА НА БАЛКАНИТЕ: СДСМ призна пред целата јавност дека ќе ја наполни Македонија со мигранти, се реализира веќе сценариото за 200.000 Сиријци во Македонија?

  • August 6, 2017
  • Коментари

Пратеникот од редовите на СДС кој доаѓа од градот на конзулите Битола, Васко Ковачевски денес од Собраниската говорница потврди дека Битола ќе го загуби култниот статус на „град на конзулите“ и во иднина ќе биде „град на мигрантите“

Согласно Националниот акциски план за интеграција на бегалци и странци 2017-2027  со која се предвидува изградба на 100 згради за сместување на 150.000-200.000 мигранти од блискиот и среден Исток, Битола ќе биде една од точките во државата која ќе прими најголем број од мигрантите.

Со оваа „национална стратегија“ потпишана од Мила Царовска и Зоран Заев, се предвидува со парите од буџетот да се изградат околу 100 згради во кои ќе бидат сместени мигрантите. Ваквата најава граѓаните ја дочекаа „на нож“ имајќи во предвид дека сеуште има голем број на семејства на кои им треба покрив над глава, нешто што претходната власт го обезбедуваше со изградба на социјалните станови. Сега, овие пари ќе бидат наменети за мигрантите.

Освен во Битола, вакви мигрантски населби ќе се градат и во Гевгелија, Дојран (Николиќ), Демир Капија, Неготино, Прилеп и во Скопје.

Како што може да се види од објавениот тендер, владата на Р.Македонија ќе ги покрие трошоците за изградба на овие мигрантски згради во целост.

Во секторот „Домување“ стои следново:

Како мерка „Да се идентификуваат и обезбедат парцели на државно земјиште на располагање за инвестирање во социјални станови“.

Очекувања на Владата и МТСП „Достапни локации за изградба на социјални станови“.

За надлежна институција на оваа мерка е Владата, а планирано е со „одлука на Владата; Барем 100 единици – локации да станат достапни“.

Временската рамка е од „2017 година и понатаму“.

„Проценет годишен буџет во евра – државен придонес: 100 проценти“

Против ваквата политика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денес демонстративно ја „украсија“ Собраниската сала со банери на кои беа испишани сите неостварени ветувања кои СДС ги ветуваше. Наместо 100.000 денари плата за доктороите, 30.000 просечна и 16.000 денари најниска плата, укинување на радиодифузната такса, и редица други „реформи“, Зоран Заев и СДС промовираат виткање на кичмата, токму онака како што предупреди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

 

Претходно «
Следно »