October 20, 2021, 6:21 pm

МИЗРАХИ ВО ПОСЕТА НА СЕМЈЕСТВОТО ЧИИШТО МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА ЗАГИНАА ВО ПОЖАРОТ: Ќе сторам се што е во моја надлежност, да им помогнам на семејствата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи попладнево беше во посета на опожаpeната куќа во Шуто Оризари и на семејството чиишто малолетни деца загинаа во пожарот. Како што се наведува во соопштението од МТСП, Мизрахи изразила сочуство до семејството и им понудила сместување и еднократна парична помош.

 

 

 

-Со голема тага ја примив веста за смртта на двете деца во пожарот во Шуто Оризари. Како родител сочуствувам со големата болка што ја почувствуваа денеска нивните родители.Тоа е огромна човечка трагедија чија загуба е ненадоместлива и која не може да се изрази со зборови. Но, мора да се остане силен и човечен. Ќе сторам се што е во моја надлежност, да им помогнам на семејствата. Знам, дека болката е ненадминлива, но
нивните браќа и сестри ќе ја имаат мојата максимална поддршка во секој поглед, посочува министерката Мизрахи.

Latest News

Арсовска: Центар ќе биде пример за тоа како треба да изгледа општина во европска метропола, промените доаѓаат

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска од денешниот митинг во Центар истакна дека промените во Центар се...

More Articles Like This