МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ:Многу јако ЈАТО ова денешно НАТО

  • July 16, 2016

Миленко Неделковски за порталот ДУДИНКА.МК

 

Сметајки се себеси за НАТО-реалист, иако единствениот соросово-сдмовски квалитет етикетирањето ќе ме прогласи за НАТО-скептик, сметам дека во овие моменти треба уште еднаш да ја потенцирам апсурдноста на “нашата желба“ за приклучување кон “алијансата“. Морам да ја потенцирам безпредметноста на плачењето и жалењето после секој НАТО самит зошто не сме примени во тоа нивно “безбедносно“ ЈАТО.

ankara-480x250

Од кога знам за себе и од кога постои “нашата желба“ за Еуро-Атлантски интеграции, сметам дека е тоа непотребен приод за Македонија.

Зошто?

Затоа што ниту еден аргумент или “аргумент“ не докажува дека Македонија и ние МАКЕДОНЦИТЕ ќе добиеме било што од зачленувањето таму. Токму спротивно, ќе загубиме многу…

Вака, дури и како не-членови, се запишавме во историјата на светот во клубот на држави и нации во кои никогаш не сме биле. Тоа е клуб на окупатори, поробители, убијци и милитанти. Неповикана нашата војска учествува, а нашите политичари се гордеат со тоа, во окупација на туги држави и менувањето на традициите и законите на туги народи. Иако не сме членка на НАТО, ние веќе сме застанале шолдер-то-шолдер со светските злостори.

Про-НАТО владините гарнитури, претседатели, амбасадорите на НАТО државите, НАТО генералите кои редовно не посетуваат, никогаш не ни објаснија како тоа ние ќе бидеме безбедни од напад од надвор кога ќе станеме членка на НАТО. Тоа им е главен аргумент, “ќе бидете безбедни од напад од надвор“. Демек, сите ние од НАТО (и Грција, а и Бугарија, за Албанија да не зборам) ќе ве браниме?!?!?! Па, ние сме опкружени со НАТО земји: Грција, АЛбанија, Бугарија, НАТО протекторатот Косово, и од НАТО капитулираната Велика Србија. Така да, нема одговор кој тоа од надвор ќе не нападне?! НАТО ли ќе не нападне? Или можеби ќе ни се истоварат трупите на Мијанмар или Сао Томе и Принципе?!?!?! Да не биде работава “фала дечко, доста ме бранеше“.

Од друга страна последниве два дена, 14 и 15 покажаа дека зачленувањето во НАТО не гарантира ништо. Апсолутно ништо. Никаква безбедност.

Напротив. Од страна на НАТО и армијата на САД тренираните офицери и војска на Турција (една од најсилните и најважните НАТО членки) се однесуваat како пучистичка милитантна групировка во некоја африканска банана држава. “Ќе го нападнеме парламнетот, ќе ги освоиме телевизиите, ќе го уплашиме народот“ им е стратегијата на овие НАТО офицери!!! Таа НАТО војска синојка пукаше во своите граѓани. Уби цивили. Тоа ли да очекуваме од зачленувањето во НАТО?!?!

Членувањето во НАТО, очигледно е, неможе да ја заштити државата и од внатрешниот непријател и тероризмот. Нападот во Ница на 14-ти, на Денот на Бастилја, кажува дека ниту нуклеарна велесила нема внатрешна безбедност, била таа или не членка на НАТО.
Интересно е дека никој, сем малку срамежливо Мадам Оер, не го поврза Денот на Бастиља со камионџијата во Ница. Не ли ви се чини слично, ако не и исто со Смилковско кај нас. Тероризам кои шиптарските монструми добија наредба да го направат на ден кој е најголем Православен празник за нас?!
Денот на Бастиља е националниот празник на Франција. Нивниот “форт-оф-џулај“.
Иако, морам да признаам, дека сметам оти французите слават погрешен датум. Би рекол несоодветен. Односно, тоа е датум што се третира како ден (денови) на измислувањето (создавањето, устоличувањето… ) на ВЛАДЕЕЊЕТО на ТЕРОРОТ во светот. ( https://en.m.wikipedia.org/wiki/Reign_of_Terror ).
Па така, на Денот на Теророт, Франција доживеа терор во Ница. Јако од нарачателот, морам да признам. Црн хумор до балчак.

Па да заклучам, ако нема не-НАТО држава околу нас која би не напaднала, ако нашата евентуално НАТО војска би си пукала по нас и би не убивала, и ако НАТО не може да го спречи тероризмот во земјите членки на НАТО (Примери: Франција, Белгија, Британија, САД, Шпанија…) – ТОГАШ ШТО ЌЕ НИ Е НАТО?!?!?!?!?!

За да даваме наши деца и момчиња, бидејки нивни веќе немаат, во алијансата за да се борат за интересите на големите американски корпорации, банки и берзански шпекуланти?!?!?!

НАТО? Не, фала.

Миленко Неделковски

Скопје 16.07.2016
08.55 h.

Претходно «
Следно »