МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ: НАРКОМАНИ

Поврзано

MИЦКОСКИ: Во декември велеа дека буџетот е ликвидeн за сега да се зaдoлжaт 870 милиони евра

На новинарско прашање за новите задолжувања на Владата Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека во декември власта велеше...

(ФОТО) ДЕМИР: Кандидатката за пратеник на СДСМ Љатифа Шиковска фaтeнa на дeлo како врши пoткyп на гласачи во Шуто Оризари

Денес кандидатката за пратеник на СДС Љатифа Шиковска фатена на дело како врши поткуп на гласачи во Шуто Оризари. Треба...

СОСТОЈБАТА НА KOВИД-19 ВО МАКЕДОНИЈА: Пет пoчинaти во последните 24 часа, 35 нoвoзaрaзeни

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа има пет починати од Ковид 19 во Македонија и 35...

Искрено, загрижен сум за менталното и физичко здравје на неколкумина супер експонирани Телма-24Вести гости во емисии. Колумнисти кај Героски. Платеници на амбасади и Сорос.

НАРКОМАНИ

Загрижем сум, вистински загрижен.

Немаат ли луѓето телевизор дома? Немаат ли пари весник, некој друг сем петпарачкиот, да си купат? Интернет немаат ли да прочитаат?!

Уште ли никој не му кажал на Сашо Орданоски дека ни влада ќе прави СДС, ни апсења ќе има на ликовите на кој тој веќе им пресудил. Нему, и на неговиот ментор Фрчкоски им кажал ли некој дека Бејли веќе не е амбасадор во Македонија? А? Дека Гарет веќе не амбасадор на земја членка на ЕУ?

Им кажал ли некој дека ЕУ нема да постои?! Само се чека победата на Марие Ле Пен. Им кажал ли некој дека Унгарија го протерува Сорос? Дека Италија се спрема за излез од ЕУ?

Им кажал ли некој дека штом окопнат снеговите ќе навали цунамито од Африка и Азија. И тогаш за ЕУ ќе биде најважно да има стабилна Македонија со лидери (Груевски и Иванов) што ќе можат да ја контролираат состојбата и ветеното да го исполнат? Им кажал ли некој?!

Мисламмм, дајте луѓе, ако имате контакт, информирајте ги. Непријато е да се гледаат и читаат како се бламираат. Не дека некогаш биле кредибилни (нивен израз за изборите), ама ова минативе две недели е без преседан.

Си мислам, можеби читаат и следат медиуми, ама се блокирани во мозокот па и најобична вест не знаат да разберат. Веста, на пример, дека од 20-ти Доналд Трамп, најголемиот непријател на нивниот Џорџ Сорос ќе е престедател на САД во следната петолетка.

За физичко здравје не знам, иако ми личат доста истрошени, ама за менталново сум повеќе од сигурен дека се соочуваат со неможност за најобично, најпросто, расудување.

Тие уште си живеат во Обама-Хилари светот каде Сорос кажува што ќе биде. Светот во меѓувреме дебело се промени. Донесе лидери што не и се поклонуваат на таа агенда (Орбан, Ердоган, Груевски…). И донесе држави кои екононски (Кина) и воено-стратешки (Русија) ја надминаа САД.

Светот се смени до ниво да е комплето прозрена Холивудско-пропагандната машинерија (CNN-fake news, BBC-another beauty), како и нивните испостави по земјите низ светот, вклучително и Македонија. Па така, разни радиа Слободниевропи, агенции Мети и слични медиумски франкештајни веќе не се место од кое обичниот човек “пие“ информации. Откриени се дека се пропагандна машинерија на Обама-Клинтон кланот што ги штити интересите на луѓе што не ги интерсираат животите на обичниот жител на овој свет.

Затоа ми е многу комично кога Сашо Орданоски ќе намести сериозна фаца (јадникот, кој знае од кога не се насмеал?! Што живот е тоа без насмевка?), смешно е кога Героски ќе заземе сезнајковска поза, жив хумор е кога ќе изнедри “интелектуален“ текст Фрчкоски – каде говорат така заглавени во еден свет и реалност која не постои. Во нивниот имагинарен свет го нема Трамп, Путин… Во нивниот замислен свет ја нема победата на ВМРО! Кај нив, во тој свет, бројот 49 е поголем од 51!!!

Таа нивна имагницаија, тој нивен облак во кој живеат, им прави да не можат да разберат дека единствена шанса ДУИ (а и ДПА) да опстане како партија му е ВМРО. Дека комитите ќе ги спасуваат командантите од исчезнување. Не можат да разберат дека со камшик како СЈО, не се задобива маса народ! Дека развратот на Ленче Ристовска, вулгарноста на Фатиме Фетаи и дебилноста на Катица Јанева не можат да ги направат хероини! И не можат да премислат 500.000 луѓе во Македонија!

Заробени во нивниот фиктивен свет, не можат да објаснат (па затоа лупетаат глупости) како во рамки на “10-годишен режим“ толку многи се збогати Заев и неговиот клан? Како во режим се збогати Шилегов? Како ако е режим не е затворен таткото на Ленче Ристовска. Како ако е режим има толку странски фабрики?! Како ако е режим има толкаво намалување на невработеноста? Како ако е режим има толку многу анти-владини медиуми, протести, невладини??? Како никој велепредавик од типот на Фрчкоски режимот не затвори. Ниту некој лустриран лик, повторно како Фрчкоски, не беше набркан од работа?! Како ако е режим анти-режимски: режисери (Александар Поповски, Дарко Митревски…), драмски режисери и драматурзи (Милчин, Унковски, Насев, Венко Андоновски, Јаничиевиќ…), глумци маргиналци (Петар Арсовски, Ирена Ристиќ…) се здробија земајки пари за проекти од режимското Министерство за кулутура?

Не можат да разберат и математички објаснат (тука само Муртинскиот гениј може да најде формула) како ако има 600.000 иселени и 500.000 фантоми на изборите повтоно ги има истите гласачи од предходните изборни циклуси?! Оставам можност дека емигрирале само малолетни, па затоа не е намален избирачкиот список!!!

Каде има таков режим?

А, најкомично од се е што оние кои себеси се самонабедуваат дека се новинари и водители на дебатните емисии ги слушаат овие комедијанти и климаат со главата во знак на одобрување!!!

Светот се смени. Само некои сеуште одбиваат да го разберат тоа. Си живеат во непостоечки свет, како наркоманите кога ќе се надуваат или кога ќе се убодат у вена.

 

 

Миленко Неделковски

Дудинка.мк

Актуелно

ФАЛБАТА Е ‘РЃА: Ако место да работи Филипче продолжи да шета по ПР агенции, бројките не можат да бидат поразлични од денешните

Не може да очекуваме подобри резултати во однос на справувањето со корона вирусот, ако министерот за здравство Венко Филипче,...

НИКОЛОСКИ: Во услови кога за три дена има 115 нови случаи е неодговорно да се зборува за избори

Во услови кога за три дена има 115 нови случаи е неодговорно да се зборува за избори, нагласува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој...

НИКОЛОСКИ: Кога на Заев му се рyши планот за брзи избори виновни му се граѓаните, во суштина Заев е виновен

Денеска кога на Заев му се руши планот за брзи избори по цена на човечки животи, виновни му се граѓаните а во сушнина Заев...

НИКОЛОСКИ: Македонија е прва во регионот по број на пoчинaти и зapазени, а на дното по број на тестови на милион жители

Споредено со регионот, Македонија е на врвот на листата по број на пoчинати и на зaразени лица на милион жители, но сме дното на...

КАСАМИ ОПАСНОСТ ЗА ЛИДЕРИТЕ: Без маска и ракавици, на иста маса со половина Свиларе

Претседателот на тетовското крило на БЕСА Билал Касами и коалиционен партнер на СДСМ и Зоран Заев, денес, спротивно на сите протоколи за заштите од...

Повеќе вести