МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ ОТКРИВА: Пучот во Турција и листата на луѓето кои се уапсени, Ердоган ги добил од Путин!

  • July 19, 2016

Откако сите кажаа по дума-две за неуспешниот воен пуч, од глупости кои ги изнаслушавме од Ива Секуловска (“демократски воен удар“!!!) или Стево Пендаросвки (“не се собрале доволно невладини да го поддржат пучот“!), до дебело и детално елаборирани текстови (како утрешниот текст на Мирка во Дневник), еве и Батко Миленко да продебатира малкуцка.

milenko_erdogan

Откако ги прашав за мислење своите пријатели во Париз, Вашингтон, Берлин, Рим, Дамаск и Москва и откако ги разгледав сите достапни информации, можам да заклучам дека сите знаеле дека ќе се деси вениот пуч. Им било јасно на сите. Пред се на Ердоган. Но кога, било прашањето? Кога и од кого, односно од колкумина, била дилемата?!

Првата очебијна назнака (за која и не треба да си некој голем шпиун за да ја осознаеш) дека ќе има воен пуч е акомодирањето во Истанбул и Анкара на Кристјан Аманпур со својата обемна CNN TV екипа. Тие го знаеле и датумот и сценариото. Таа и нејзините Пентагон-CNN наредбодавци си мислеле дека само они знаат! Ама!!!

Ама, на планетава не се само фраери наредбодавците на “чичко Тииииит“ од амбасадата на Скопско Кале. Има и други фраери.

На пример, старата КГБ школа. Школа која сеуште користи аналогни системи на комуникација, хартија како платформа на нанесување податоци и најважно, те-та-тет комуникација. Се во 4 очи. И во простории или места нетипични за топ сикрит разговори, а со самото тоа места што не се озвучени или не се под 24 часовен надзор на тајни полиции, странски агенции и слично.

Па така, со промена на авиони, од мали државни твелф ситери, преку комерцијални, па воени и најнакрај користење на хеликоптерски превоз, првиот советник на Владимир Путин, мојот пријател Александар Дугин, по дводнево патување пристигнал во Анкара возејки се на релација Москва – Астана – Ашгабат – Техеран – Дамаск – Никозија – Анкара. Патувањето било организиран во најголема тајност. Дури и највисоките државни функционери во Техеран, како и оние кај Асад, оние околу Путин и пред се оние кај Ердоган не знаеле ништо за ова супер тајно патување.

Во Турција Дугин бил гостин на градоначалникот на Анкара, инаку верен пријател и сојузник на Претседателот Ердоган. Ердоган, кога било договарано доаѓањето на Дугин рекол дека само во градоначалникот верува.

Мисијата на Александар Дугин била да ги соопшти сознанијата на Путин и Русија околу воениот пуч што се подготвува. Русите заедно со Иран, користејки ги своите земни телекомуникациски постројки во Сирија, источен Иран и Каспискиот дел на Русија, секако користејки ја и својата суперсофистицирана вселенска технологија, имала точни податоци кога, кој и како го подготвува државниот воен удар.

Во мисија на стабилизирање на односите Турција – Русија и враќање на довербата на релација Ердоган – Путин, Дугин имал задача да го предупреди турскиот претседател. Но, тоа предупердување да биде дадено во кратко време пред да се деси излегувањето од касарните на нелојалниот дел од војската. Овој психолошки маневар имал за цел да му покаже на Ердоган кој му е пријател, но и кој ја владее ситуацијата во регионот. Со овој потег Путин ја добил лојалноста од Ердоган. Бидејки, Дугин и не морал да допатува во Анкара, а можел и да “задоцни“ со предупредувањето.

Вистина е дека авионот со кој летал Ердоган и авионите од неговата придружба, од самото полетување од брегот на Белото море, биле следени од воени авиони на турската авијација под команда на генерали што сакале да го ликвидираат Ердоган. Тие авиони биле со полна боева спрема. Но, она што засега не е објавено, а еве кај мене е ексклузива, е што причината зошто не го собориле авионот на Ердоган е што биле предупредени и биле под директна закана на руските противвоздушни системи распоредени низ Сирија, како и на нишан на најмалку 7 борбени авиони на руската авијација што ги следеле. Едноставно, доколку радарската опрема на русите детектирала активност во турските авиони за подготовка за пукање кон Ердоган, веднаш ќе биле срушени. Така да не е воопшто мистерија или за чудење зошто Ердоган не бил убиен додека летал.

Заговорот за воен удар секако ќе бил откриен од русите, но за да се осмели градоначалникот на престолнината на Турција веднаш да изјави дека зад воениот удар стои САД, имал дебели докази добиени на рака од Александар Дугин веднаш откако Ердоган слетал на Ататурк во Истанбул. Всушност, режисерот во Вашингтон згрешил во една работа, и затоа е веднаш разоткриен?!

Имено по рушењето на авинот и убиството на рускиот пилот во северна Сирија (американска режија за скарување на Москва и Анкара со британската тактика раздели па владај), руските разузнавачки служби ги следеле сите комуникации на луѓето што тие ги сметале виновни за смртта на пилотот Сергеј Румјанцев. Во текот на овие неколку месеци се испоставило дека сите тие, до еден, се американски импланти во Турција и во базата Инџерлик, што градоначалникот на Анкара Ибрахим Мелих ги нарекува “паралелна држава“ (баш нешто ми наликува на Македонија и на амбасадорот Тиииит.)

Како на разузнавачките офицери на Русија им станувало се појасно дека ударот се ближи, тие почнале да ги евдентираат сите луѓе што биле споменати во текот на ковањето на заверата. Отука, еве ексклузива пак, списокот на безмалку 10 илјади уапсени, пред се офицери и судии, е добиен од Путин преку раката на Дугин. Така, Дудинка ја разрешува и втората енигма, покрај онаа зошто авионот на Ердоган не бил срушен. Имено дилемата број два е од каде му на Ердоган таква голема и детална листа за апсења на пучистите и нивните поддржувачи. Одговорот е: од Путин.

Како шлаг на тортата, вчера Александар Дугин добил одобрување да може да соопшти каде и со кого бил за време на пучот во Турција. Онака, како мерачење на маката на американскиот амбасадор во Турција, господин Бас, кој токму како и амбасадорот Тиииит во Македонија, си ја брка мувата од капата. Мерачење, и тоа ептен, врз нервата на Кери, Нуланд, НАТО, ЕУ…

Ианку, Дугин тоа го објави во неговата редовна ТВ емисија “Водичот на Дугин“. Доколку се сеќавате пред некое време, една цела ваква емисија Дугин му посвети и на Груевски.

Претходно «
Следно »